Рецепт на денот: Вкусни чоко кроасани - радост за целото семејство

Состојки:

2 дл. млеко

2 дл. вода

1 квасец

1 мала лажичка шеќер

1 мала лажичка сол

2 дл. јогурт

1 дл. зејтин

900 гр. брашно тип 400

2 жолчки од јајце

1 маргарин

еурокрем

чоколадо

Подготовка:

Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама брашно тип 400, зејтин, јајца, сол, јогурт. Тестото треба да биде меко.

Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Парчињата тесто поединечно измазнете ги со сукало и премачкајте ги со маргарин.

Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го она ненамачканото. Направете голем круг. Поделете го на триаголници, ставете еурокрем и завивајте ги корите во кифли.

Намачкајте ги со жолчката и оставете ги да стојат еден час на ладно.

Печете ги во загреана рерна околу 20 тина минути.

Кога ќе се оладат натопете ги во топло чоколадо.

Добар апетит!

Поврзани

Најнови вести

Коментари