Раскошна салата со рукола, јаболко, ореви и рокфорт сирење

Време на подготовка: 10 минути

Потребни состојки за 4 порции:

- Рукола
- 1 зелено јаболко
- 60 г излупени ореви
- 120 г рокфорт сирење
- 2 лажици маслиново масло
- Оцет по вкус

Начин на подготовка:

Измијте ја руколата и добро исчистете ја.

Отстранете го средишниот дел од јаболкото и поделете го на 4 дела, а потоа исечкајте го на тенки парченца.

Оревите исечкајте ги покрупно, во форма на кубети, потоа исечкајте го сирењето и сѐ заедно измешајте додавајќи маслиново масло и оцет. Нема потреба од посолување.

Забелешка: Како замена за рокфорт сирење може да се користи пикантното сирење горгонзола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари