Против болки во грло: Направете сами лековити домашни пастили од само 2 состојки

Зачекоривме длабоко во сезоната на грипот и студот, што значи дека треба да ја смириме уморната кашлица и болното грло. За среќа, тоа може да се направи брзо и лесно со овие природни билни состојки, од кои можете само да направите пастили.

Состојки за пастилите

- 1 шолја вода во која се отстојани билките (свежи или суви) - (кадуља, мајчина душица, корен од слез, слез, камилица и мента нане)

- Еден и пол чашка мед

Процес на подготовка

1. Зовријте количина на вода доволна за две чаши, и додајте ги избраните растенија во вриената вода. Количината на билки зависи од вашата желба, но една лажица од секоја билка е најмалата количина која е ефикасна. Оставете ги растенијата да киснат  20 минути и потоа отстранете ги од садот.

2. Во вториот сад за готвење, истурете една чаша вода во која отстојаа билките и една и пол чаша мед. Подесете ја температурата на средна јачина.

3. Мешајте ја содржината на таа температура околу 30 минути или додека не достигне 150 степени целзиусови. Можете да проверите дали смесата е готова со земање на малку од мешавината и спуштање во мраз вода за да се види дали тоа веднаш ќе се зацврсти. Тоа парче треба да биде доволно цврсто за да се скрши ако го удрите од работната површина на кујната.

Исто така, можете да прекинете со мешањето кога ќе видите дека смесата почнува да се пени и раздвојува. Тогаш е важно брзо да се отстрани садот од ринглата за да не загори смесата.

4. Смесата потоа ставете на рамна површина, или во тавче претходно намачкано со кокосово масло и оставете ја да се олади доволно долго за да може од смесата да се обликуваат пастили. 

5. Потоа префрлете ги обликуваните пастили врз хартијата за печење за да се изладат целосно и посипајте ги со шеќер во прав за да не лепат една за друга.

Има уште една верзија на пастили од домашен мед, лимон и ѓумбир сосови кои го спасуваат грлото.

Поврзани

Најнови вести

Коментари