Пијалак со "кралот" на здравјето кој лечи настинка и воспаление на грлото

Со ниските температури, исто така, дојде и сезоната на бактерии и настинки. Без оглед на тоа дали сакате да се излечите или да превенирате настински, во тоа може да ви помогне овој чај од две моќни состојки.

Состојки за чај од лук и нане 
- 3 dl вода
- 3 чешниња лук
- Кесичка чај или неколку лисја свежо нане
- Мед
- Лимон

"По подготовката на чајот, не фрлајте го лукот или нането, доколку сте користеле свежи лисја".

Подготвка на чајот 

1. Малку згмечете го лукот ставете го во чаша и нека отстои за 10 минути за сите здрави материи кои се наоѓаат во него да се активираат.

2. Потоа зовријте ја водата. Потоа ставете ја кесичката чај во чаша со лук и потурете ја целата топла вода. Нека отстои 5 минути.

3. Ако имате свежо нане, наместо кесичка, во чашата стави неколку лисја нане и повторете ја истата постапка.

4. По пет минути, исцедете го чајот, додадете на тоа една лажица мед и малку лимон.

Чајот се пие додека сеуште е топол.

Важен совет: По подготовката на чаотј, не фрлајте го лукот или нането (доколку сте користеле свежи лисја). Ставете ги лукот и нането во уста, џвакајте бавно околу две минути и, потоа проголтајте за да ја дезинфицирате устата и грлото инфицирани со бактерии.

Лукот е "крал" на здравата храна, има силни антибактериски и анти-воспалителни својства, а нането ги отвора дишните патишта и го олеснува кашлањето, но овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинки и бактериски инфекции на грлото.

Поврзани

Најнови вести

Коментари