Пет поинакви состојки во кафето, и се е - поинакво

Сигурно вашата рутина изгледа вака – се будите, правите кафе, излегувате во реалниот свет и се преправате дека сте целосно будни. Но оваа утринска традиција може да ви стане многу повкусна доколку експериментирате со овие состојки кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом. Никогаш не се задоволувајте со здодевната шолја кафе и зачинете го омилениот кофеински пијалак!

1. Какао во прав

Комбинацијата од кафе и чоколадо е богат вкус во кој секој љубител на кофеинот треба да ужива. Многу лесно можете да го направите вашето кафе чоколадо, сè што е потребно е да ставите 1 или 1,5 супена лажица незасладено како во прав во мелено кафе, добро да измешате и потоа да го подготвите самото кафе на вообичаениот начин.

2. Зачини

Додавањето прстофат зачини во вашето кафе ќе создаде вкус што нема да можете да го заборавите. Одберете еден од зачините како цимет, морско оревче, лаванда, кардамом и слично и подобрете го вкусот на утрата. Можете да бидете креативни со секоја нова шолја и да мешате повеќе вкусови во секое кафе. Но внимавајте да не го зачините премногу, па погрижете се да не надминувате 1/4 кафена лажичка од одбраниот зачин кој ќе го ставите во меленото кафе и потоа ќе го подготвите на вообичаениот начин.

3. Екстракти

Екстрактите не служат само за печење, тие можат да направат голема разлика и во вкусот на вашето кафе. Доволно е да додадете малку екстракт од ванила или кокос за малку да ја нарушите монотонијата, или пак, ако сте доволно храбри експериментирајте со вкусови како ментол или рум. За најдобра комбинација, ставете 1 кафена лажичка од овие вкусови во меленото кафе пред да го подготвите.

4. Сол

Исто како што прстофат сол може да ги подобри десертите, истата количина од оваа состојка може да го надгради и вашето утринско кафе. Солта може да „неутрализира" дел од горчината и да создаде повкусен пијалак. Внимавајте само да не претерате со количината, нека биде навистина прстофат или 1/8 кафена лажичка директно додадена во меленото кафе, пред подготовката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари