Најздрав леб на свет кој можете да го подготвите сами!

Леб без брашно е еднакво нутритивен како и другите пекарски производи, но и богат со протеини, витамини...

Овој леб стумулира создавање црврни крвни зрна и хемоглобин, ги чисти канцарогените и токсични материи од организмоткак го отстранува холесетолот и се препорачува и за превенција на дијабетис, артериосклероза и целулити.

Овој леб се прави од изртени зрна пченица со минимален додадток на квасец сол и без адитиви и конзерванси.

Тој е поинаков од останатите врси леб бидејќи сите други содржат брашно со ниска биолошка вредност и својства на кое човечкото тело неможе да се навикне.

Овој леб без брашно е еднакво нутритивен како и другите пекарски производи, но и богат со протеини, витамини, аминокиселини, масти, јагленохидрати и минерали. Самиот состав од нутритивни влакнае 20 пати поголем отколку кај обичниот бел леб.

Состојки:

300 грама пченица
100 грама јачменови снегулки
2 лажици сусам
2 лажици семе од лен
2 лажици сончогледови семки
1 лажица сол
½ свеж квасец + 50 м.л. вода.

Подготовка:

Времетрање во подготовка на овој леб е малку подолго.

Прво истурете вода врз пченицата која треба да отстои три дена додека не почне да р'ти.

Повремено менувајте ја водата, пченицата да не се расипе.

После три дна процедете ја и смелете ја на блендер. Ќе добиете смеса слична на тесто.

Потоа додадет снегулките од јачмен кои предходно се потопени во топла вода за да омекнат.

На сместата додатете и семките од сончоглед, лен и сусам кои би можеле да ги порпржете во тава.
Во 50 м.л. вода растопете го квасецот со едно лажиче шеќер. Кога квасецот ќе нарасне додаете го во смесата и месете го рачно.

Додадете едно лажиче сол на сместата, измесете ја добро и ставете ја во тепсија за печење да отстои 30 мин.

Рерната се загрева на 220 степени, кога добро ќе се загрее фрлате нрколку коцки мраз кои ќе создадат пареа која помага тестото да нарасне уште малку. Се пече околу 45 – 50 минути. Проверка дали е испечен се прави стандардно, со чепкалка или стапче за ражниќи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари