Новото истражување потврдува

Колку е здраво сувото овошје?

Изборот на суво овошје кое најмногу се консумира во зимскиот период е навистина разновиден. Но, колку е тоа навистина здраво?

Сувото овошје е богат извор на антиоксиданси, фолни киселини и витамини од групата Б.

Истражувањето кое било извршено на 13.000 луѓе покажало дека испитаниците кои консумирале сушено овошје имале подобар внес на хранливи состојки од оние кои не го јадат.

Меѓутоа, секогаш треба да имате на ум дека овој вид на намирница е богатa и со природни шеќери, што е посебно корисно за спортистите на кои им е потребно брзо внесување на енергија, но и за сите оние кои генерално внимаваат на внесувањето на шеќери, јаглени хидрати и калории.

Тоа не значи дека во потполност би требало да го избегнувате сувото овошје, туку дека би требало да го консумирате во ограничени количини.

На пример, една шолја свежо грозје содржи 23 грама шеќери, а иста количина на суво овошје содржи 116 грама, што е пет пати повеќе.

Нутриционистката Лори Занини ги советува луѓето кои не се дијабетичари и не внимаваат при внесувањето на шеќери, јаглехидрати и калории, да внесуваат половина шолја од ова овошје дневно, а на сите оние кои внимаваат - до две лажички кои содржат околу 15 грама јаглехидрати.

Сувото овошје е често одлична опција за појадок со јогурт или овесна каша, а може да биде и квалитетна ужина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари