Коктел со мед (The Honey Bear Cocktail)

Потребни состојки:

За сируп од жалфија и мед (доволно за 3-4 коктели):

1 чаша вода (240 мл)
170 г мед
10 свежи ливчиња жалфија
За коктелот (за еден коктел):

60 мл бурбон
сируп од мед и жалфија
1 кора од портокал
1 гранче свежа жалфија
Начин на подготовка:

Во тенџере на висока температура, ставете ги водата, медот и жалфијата да се варат. Намалете ја температурата и оставете да врие 2 минути. Исклучете ја ринглата и оставете смесата целосно да се олади. Тргнете ја жалфијата.
Кога сирупот ќе се олади, во чаша со дупло дно ставете мраз, врз него бурбон, а потоа и сирупот.
Ставете ја кората од портокал во чашата, но претходно добро истегнете ја за да ги ослободи маслата од неа. Добро измешајте и декорирајте со жалфија на врвот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари