Храната што сакате да ја јадете открива што навистина му е потребно на организамот

Ако често чувствувате потреба за одреден вид на храна, тоа не значи дека сте ненаситни туку дека тоа навистина го бара организамот за правилно да функционира.

Телото често ни испраќа различни сигнали за тоа што ни е потребно. Затоа често сакаме да јадеме продукти кои навистина не се здрави, како што е чипсот, бидејќи одредени состојки кои ги содржат му се потребни на организамот. Тоа не значи дека треба да се опуштиме и да јадеме чипс секој ден, бидејќи тоа е многу нездраво. Напротив, треба да дојдете до сознание што е тоа што го содржи чипсот и ви недостига и да го внесете преку друг вид на храна која е здрава и богата со витамини и минерали.

Многу научници истражувале на оваа тема и дошле до заклучок, што е тоа што му е потребно на организамот кога од вас бара да внесете одредена намирница.

Чоколадо

Доколку секој ден чувствувате потреба од чоколадо тоа е знак дека на вашиот организам му недостига магнезиум. Телото, особено, чувствува потреба од овој хемиски елемент кога сме во стресна ситуација, па затоа кога имате доста тежок ден чувствувате дека решението би било една млечна чоколада.

Меѓутоа, чоколадата не е единствената намирница која содржи магнезиум, а далеку од тоа да е најздрава. Јаткастите плодови и зелено лиснатиот зеленчук исто така се богати со магнезиум. Наместо чоколада консумирајте зеленчук или јаткасти производи, бидејќи подобро ќе ја задоволат потребата од магнезиум, а се и поздрави од чоколадото.

Чипс

Потребата од грицкање чипс и слично укажува на тоа дека на вашето тело му фалат електролити. Но ако сте навикнати често да јадете чипс дека тоа може да биде лошо. Чипсот создава некој вид на зависност. Колку повеќе го јадете толку повеќе расте потребата за истиот.

Секако дека потребата за чипс можете да ја задоволите со здрави алтернативи за да ја задоволите потребата од електролити во телото. Конзумирајт маслинки и домати. Потребата за соли може да значи дека на организамот му е потребен и поголем внес на вода, па обидете се да внесувате што повеќе течности.

Месо

Голема, сочна и дебела шницла, дали има некој кој би и одолеала? Сепак, Светската здравствена организација препорачува сепак да ја прескокнете, бидејќи голема е веројатноста да е канцерогена! Решението може да биде многу едноставно, јадете нешто од растително потекло.

Луѓето кои често имаат потреба од месо со сигурност имаат потреба од железо во крвта. Бидејќи тоа може да доведе до слабокрвност, слаб имунитет, главоболка и слаб организам, ова не треба да го игнорирате. Направете крвна слика, и внесувајте што повеќе храна од растително потекло богата со железо, како што е спанаќот, зелката и зелената салата.

Најнови вести

Коментари