За сите сетила

Десерт без печење - Нутела чизкејк

Кремаст деликатес кој ќе го правите повторно, и повторно, и повторно.

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО

250 грама бисквити
75 грама путер
15-20 грама сецкани лешници
2-3 американски бисквити со парчиња чоколадо (по желба) изрендана кора од четвртина портокал

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО

Сите состојки се ставаат во блендер/процесор и се мешаат додека да се добие „песокливо" тесто. Ако немате блендер, бисквитите се мелат или се дробат ситно, се додава растопениот путер и останатите состојки и се меша со миксер.
Смесата убаво се натапкува во тава (со раце или лажица). Најпожелно е да користи тава со прстен кој се вади. Добиеното тесто се става во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ

400 грама Нутела
250 грама крем сирење
250 грама маскарпоне
сок од четвртина портокал (без пулпа)
50-100 грама сечкани потпечени лешници (за декорација)

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ

Се матат крем сирењето со маскарпонето. Потоа се додава Нутелата и сокот од портокал.
Изматената смеса се истура врз изладеното тесто. Врз филот се наросуваат исечканите лешници.
Чизкејкот се остава 4-5 часа да се лади во фрижидер. Се сервира ладен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари