Чудо на природата: Оваа билка го штити мозокот од мозочен удар и невродегенерација

Рузмаринот не е само зачинска билка која им дава посебен вкус на јадењата, туку и билка која го штити мозокот.

Неговата активна супстанца наречена корнозик ацид го штити мозокот од мозочен удар и невродегенерација кои настануваат како последица од оштетувањата на мозокот предизвикани од слободните радикали.

Алцхајмеровата болест е едно од најпознатите невродегенеративни заболувања кое е условено од штетното дејство на слободните радикали, истакнуваат научници од истражувачките центри во Лос Анџелес и Јапонија.

Во експериментите кои ги изведувале д-р Такуми Сатоха од Јапонија и Стјуарт Липтон во Лос Анџелес се покажало дека корнозикот станува активен под влијание на слободните радикали, напаѓајќи ги нив наместо невроните, така што невроните остануваат сочувани.

На тој начин тој ја презема улогата на активен лек, а не предизвикува никакви непосакувани ефекти. Делува низ механизам наречен редокс хемија, каде електроните се префрлуваат од еден молекул на друг, за да се активира имуниот одговор на организмот.

Во ова истражување можеби најважно е тоа што евентуалните нови невролошки лекови со лековити состојки од рузмарин би биле апсолутно безбедни за луѓето, порачуваат научниците.

Поврзани

Најнови вести

Коментари