Бифтек на таљати со чимичури сос

Потребни состојки:

700 г говедски одрезок
1 лажица маслиново масло
½ лажиче сол
Малку бибер
75 мл чимичури сос
За подготовка на сосот:

120 мл црвено вино или балсамиран оцет
2 главици исечкан кромид
4 чешниња лук
½ лажиче сол
1 чили пиперче, исечкано на коцки
40 г исечкан магданос
80 чаши свеж исечкан коријандер
15 г свежо оригано
180 мл екстра девствено маслиново масло
Начин на подготовка:

Намачкајте го стекот со маслиново масло, сол и бибер и оставете го 30-тина минути на собна температура. За тоа време можете да го подготвите чимичури сосот.
Измешајте ги оцетот, кромидот, лукот, солта и чили пиперчето во мал сад и оставете да постои 10 минути. Во меѓувреме исечкајте ги магдоносот, коријандерот и ориганото. Додадете ги во мешавината со оцетот, потоа додајте го маслото и мешајте додека не се изедначат сите состојки. Оставете настрана.
Испечете го стекот, ако сакате средно печен тогаш потребни ви се 4-5 минути на секоја страна. Потоа исечкајте го тенко и послужете со голема количина од сосот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари