Вечер анализа

Те следат и прислушкуваат - полошо е од претпоставките

Секоја активност на интернет мрежата остава информации зад себе. Приказните за студентот Марк Цукерберг (Mark Zuckerberg) дека со Фејсбук кој создал "мрежата револуција" се смешни, зад сето тоа стојат тимови експерти на тајните служби кои наоѓаат начин за спонтана и доборволна контрола врз светот, врвни ИТ експерти, психолози... тоа е толку сложена и скапа операција што ниту една компанија, а каамоли поединци, можат да ја осмислат и реализираат. Темата е зададена, поставена, а секојдневно се приклучуваат нови клинети, или нови пациенти. Паметните телефони, како врв на можностите, се "Елдорадо" за хакерите и разузнавачите кои следат се, буквално се околу вас, како и вас самите. Се што е произведено како дигитален производ: говор на телефон, аудио или видео снимка, фотографија, документ... како и трасферот на сите тие нешта на интернет или нивното складирање на диск - е дигитален запис. Запишан код од збир од нули и единици, комбинирано со запирки и празни места, и може да се следи, копира или преправа содржината.

Многумина ќе речат дека тоа не ги интересира, не се гледаат себе засегнати од следењето: не се занимаваат со политика, не тргуваат со дрога или оружје, не се дел од организиран криминал, немаат битна положба во јавниот живот, во политиката и бизнисот... и не гледаат што тоа американските и други разузнавачи имаат интересно да видат во нивните животи. Дека следењето преку социјланите мрежи, мобилните телефони, телевизорите и компјутерите се опасност за некој друг. Но, дали е така безопасно сето тоа?

Прво, следењето е нарушување на личноста и приватноста, а тоа е едно од основните човекови права. Откажувајќи се од ова, веќе праќате порака дека сте подготвени да се откажете и од некои други ваши основни права, сознание кое секако ќе биде употербено. Ставајќи се себе доброволно во позиција на клиент кој го става својот живот на располагање на непознати луѓе со познати намери, се осудувате на просечност и се нудите да бидете употребувани токму за она на што не сте дел: бизнис, политика, криминал. Вие не сте сами на светов, информациите од и за вас се употребливи и за ставање под контрола и манипулација и за вашите блиски.

Верувате дека никогаш во иднина, ниту вие ниту некој ваш близок, нема да бидете значаен фактор во бизнисот, политиката, општестениот или јавниот живот во својата средина затоа што, ако тоа сепак се случи, вие сте под засилен надзор и сите сознанија ќе бидат употербени за да бидете ставени под контрола на нечиј надворешен интерес, манипулирани, а во спротивно - приватноста која тие ја имаат кај себе ќе се употреби против вас.

Сознанијата за секој од нас, кои себе се сметаме за небитни во разузнавачките анализи, се дел од вкупна слика: економска, психолошка, политичка, социолошка, безбедносна, етничка... кога се прават планови и носат одлуки за нас, и поединечно и колективно, тие сознанија се клучни каква иднина ќе ни биде определена. За градот, професијата, народот... За секој од нас, без исклучок.

Дали ќе ни се наметне некоја политика, бизнис интереси, или ќе се соработува со нас; дали ќе се даде поддршка на една социјална, етничка или политичка структура или на друга; дали е средината погодна за примена на сила врз неа, за манипулација и искористување; дали е стабилна или хаотична... Најпосле, податоците и информациите за секој од нас се богатство. Тие се продаваат, и препродаваат, на заинтересирани страни за нивни цели и интереси, без оглед дали се тие политички, економски, етнички или други зантересирани корисници. Секоја наша навика и потреба се регистрира, и потоа ние како експериментален глушец служиме за анализи кои се потребни за големите компании, големите политички и разузнавачки сили. И, така стануваме дел од ова без своја воља и дадена согласност. Ништо не е бесплатно, а Фејсбук, Гугл, Експлорер, Твитер, Џимејл... се бесплатни, нели? Тие се скапи системи, и некој тоа мора да го плати, а го плаќа оној кој е купец на податоците за нас, и кој тие големи пари треба некако да ги заработи и врати назад.

Работата, сепак, не е така наивна, туѓа и далеку од нас, и нашите интереси и, кога веќе неможе да се спречи, добро е да се познава за секој да го прилагоди своето однесување и своите интереси на наметнатите околности.

Развојот на Интернетот, социјалните мрежи и комуникациите преку електронски направи донесе речиси незамислива појава - доброволно да се објавуваат детални и сеопфатни информации за себе. Луѓето ставаат на јавно располагање голем број лични податоци и фотографии, навики и интереси, кои некој може да и злоупотреби. Се лутиме кога некој ќе постави прашање со кое влегува во нашата приватност и интима, но затоа секој ден, постојано сами покажуваме такви нешта повеќе од што некој би помислил и да побара од нас.

Секое ваше пребарување на Гугл ги покажува вашите интереси и намери; секоја прегледана страна вашите ставови и интереси; секоја ваша слика зборува за вашето движење, навики, вкусови, социјлано окружување; камерите на телефоните, лаптоп компјутерите, а во последно време и на телевизорите снимаат постојано се околу вас - од атмосферата дома, секој приватен чекор, разговор, движење или дел од вашата работа; вашата здравстевена состоја, медицински извештаи, разговори и односи со домашните и пријателите, сметаката во банка... се ставени на располагање на целиот свет. Вашата личност и интима не постојат. Господ гледа се, велеа порано. Не, Гугл, Фејсбук, Твитер, Епл и Мајкрософт гледаат се, дури и подетално од она што се веруваше дека е Божја моќ.

Само во текот на минатата година продадени се околу една ипол милијарда паметни телефони, а трендот на раст во 2018 година продолжува. Се повеќе луѓето корстат мобилни компјутери, со што корисниците секогаш пристапуваат до глобалната мрежа која, ако сакате да ја користите, бара безусловна послушност и ставање на располагање се што имате за нејзини потреби. Денес, не само разузнавачите, туку секој пописмен хакер има на располагање софтвер со кој без ваша воља го вклучува вашиот телефон или компјутер, секако заедно со користење на микрофонот, камерата, податоците кои ги имате на телефонот, мејлот или уредот... На пример: знае кога одите на одмор, кога вашиот стан е празен, па и шифрата на вашиот аларм, ако го имате, бареме еднаш е фатена во поле кое е снимено од камерите на вашиот телефон, компјутер или телевизор... за останатите по профитни злоупотреби, се подразбира дека се на располагање и други ваши податоци.

Кога луѓето доброволно пристапуваат на Фејсбук, Твитер, Гугл мејл или Инстаграм... вообичаено не ги читаат условите на договорот кој е на многу страни, со ситни букви и јазик кој најголем дел од корисниците не го разбираат. Да го прочитале и разбрале би виделе дека таму пишува дека сите податоци, слики, дописи, коресподенција... се сопственост на Фејсбук (како и на другите организатори) кој со нив располага на начин кој тие го утврдуваат. Бараат од вас податоци за кредитната картичка, дури и сигурносниот код од неа, но не одговараат за последиците. Го знаат пасвордот на вашиот мејл, имаат увид во секоја сметка, здравствен документ, лична и деловна комуникација... и немаат кон вас одговорност за тајноста, или сопственоста на тие информации.

Кога неодамна новинарите го прашаа директорот на Епл Тим Кук зошто тие го наплаќаат својот мејл сервис Ајклауд, додека Мајросфот, Гугл... тоа го даваат бесплатно, тој одговори: Прво, ние гарантираме дека Епл не ги става на располагање мејл содржините на разузнавачките агенции, а второ - кога е нешто бесплатно, вие не сте партнер, корисник - туку клиент кој е дел од процесот.
Еден од најсигурните мејл сервиси е оној на канадската фирма Блекбери, кој има и свој оперативен систем. Пред четири години системот почна да се урива, од досега јавно непознати причини, сервисот беше неколку пати блокиран за употреба по неколку дена. Набргу, Блекбери почна да ги губи клиентите и денес е во стечај, со загуба поголема од милијрда долари. Безбедниот мејл систем на Блекбери е затворен и корисниците мора да преминат на некој од оние кои тргуваат со вашите лични податоци.

Пропадна и финската Нокиа, купена е од Мајкрософт за помалку од пет милијарди долари, иако само четири години претходно Нокиа беше светски лидер во мобилната телефонија, и имаше 21 милијарда долари резервен фонд! Блекбери и Нокиа беа едниствените фирми во светот кои развиваа свои оперативни системи за мобилните телефони, а сега сите во светот ги користат американските оперативни системи Андроид на Гугл или ОС на Епл. На тие системи се инсталираат американките социјални мрежи Фејсбук, Твитер, Инстраграм, Јутјуб... други значајни нема, или барем ништо не значат на западниот пазар. А ако почнат да значат, ќе бидат купени или ликвидирани. Кина создава свој интернет и мејл систем, како и Русија, но тој останува затворен само за таа држава и е под контрола на кинеските и руски власти.

Случајно, или секако намерно, најголемите производители на компјутерски процесори се американски (Интел и АМД), како и на графички картички (АМД и нВидиа), мрежни инсталации (Циско)... како и на сите оперативни системи за компјутери (Мајкрософт и Епл) како и софтвер за деловно работење, антивирус и интернет заштита и комуникации. Наведните заедно држат од 90-95% на пазарот во своите области. Создадена е нужна меѓусебна поврзаност и условеност на стандардите по што никој од страна нема можност да се вклучи равноправно во борбата со американците.
Вашето присуство на социјланите мрежи и мејл комуникациите се база на податоци не само за тајните служби, туку и за банките, големите компании, невладините органзиации кои работат политички и сродни задачи. Тие знаат за вашите навики и потреби повеќе од вас, и од вашите блиски и секоја нивна деловна или јавна акција се темели врз анализата на тие податоци. Дали плаќате редовно кредит, за што ги трошите парите, што сакате а што можете навистина, со какви луѓе комуницирате и кои се вашите склоности, какви ви се односите со семејството и пријателите, вашиот статус на работното место или успех во студирањето и школувањето... се е на маса. И, кога за некој човек, социјална група или цела држава треба да се спроведе акција, планот се темели токму на тие и такви податоци по што акциите се само прашање на рутина и техника.

Активистот Џулијен Асанж и експертот на ЦИА Едвард Сноуден се луѓето кои овие нешта ги објавија, и го запознаа светот дека фактичката состојба е многу полоша отколку што и параноичните помислувале, а другите не ни насетувале.

Дознавме за фантомската програма R2D2 со која без ваша дозвола и знаење се вклучува вашиот мобилен телефон, лаптоп или компјутер а преку микрофоните и камерите монтирани на тие уреди се снима секој момент од вашиот живот. Освен ова, програмата собира податоци за вашите движења и глас, и може да создаде имитација на вашиот говор... да создаде комуникација потполно соодветна на вашето зборување, иако не сте зборувале вие. Програмата R2D2 ја користеле во американската национална безбедносна агенција NSA, но излегла од американската служба за безбедност NSA на црниот пазар, и сега хакерите ја имаат на располагање.
Ако кон ова се доддаде дека новите ајфони, но и модели на LG, HTC и Samsung имаат и отисок нa вашите прсти... сосема е можно да видите случај за себе во кој договарате злосторство, снимка од вашиот разговор, отисоци од прстите на местото на злосторството... засега е тоа хипотетично но, само засега. Штом некому ќе затреба, ваквото сценарио ќе се оствари.

Колку е ова сериозна закана говори и податокот што, при вработување во Фејсбук, Гугл и Мајкросфт, особено за луѓе на безбедносно чувствителни работни места, пред да добијат одговор службите во компаниите со денови детално ги проверуваат нивните податоци на социјалните мрежи, вистинските и лажни профили и мејл адреси кои се откриваат со анализи на посредни и индиректни комуникации, па дури потоа се решава дали им е местото во Фејсбук, Гугл... или не. Како да го вработуваат во врвна разузнавачка агенција, а не во комуникациска фирма.

Колку е тоа важно и масовно говори податокот дека американската тајна служба NSA 30 дена чува податоци од сите телефонски разговори во сите држави, а некои од интерес за нив се чуваат трајно. Тоа се става на сервери кои се поставени на сервер полиња чија површина е збир на простории и инсталации на површината колку некоја населба, или цела индустриска зона во Скопје. А такви сервер полиња имаат во светот на повеќе места, заедно со Гугл, секако. Гугл е формално покритие за шпионирање денес какво што некогаш беа наводните истражувачи на National georaphic. Никој не е поштеден, за што се увери и германската канцеларка Андреа Меркел кога дозна дека и таа е меѓу следените и прислушкуваните. За време на овогодинешната зимската олимпијада во Сочи, Русија, во врска со тие случувања пресретнати се дури 97 милијарди дигитални податоци.

Нема да помине многу време, и другите големи компании ќе ја применуваат истата пракса. Затоа, внимателно со социјалните мрежи и користењето електронски играчки кои, ако добро погледнете, се помалку користат за својата намена, а се повеќе за содржини во кои уште, и уште... постојано ги бараат вашите лични податоци и информации за вас. Податоците, еден ден, можат да бидат клучни за вашето работно место, односи со блиските, или успех во јавниот живот. До скоро телевизорот служеше да се гледа во него, а денес на телевизорот поставија камери и тој да гледа во вас. Го приклучија на интернет, по што се што камерата слуша и гледа е достапно... таму некаде, кај луѓе со непознати лица, но со познати намери. (Vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари