Мапирање

Соросовите 226 величествени, или како да се води Европа преку посредници

Како се случи Сорос и Отворено општетство да имаат клучна, највлијателна улога во европската политика? Јавно достапни документи покажуваат дека филијалата на Отворено општество на политиката на ЕУ, OSEPI (Open Society European Policy Institute), одржало дури 44 засебни состаноци со членовите на Европската комисија во текот на 2016 година. Со што е Сорос толку значаен за европската влада?!

Кои невладини организации во светот имаат таков пристап до клучните луѓе кои ја кројат политика, но исто така и иднината на Европа? Зборуваме за влијание без преседан. Одговор, барем делумно, може да се најде во документот кој организацијата Отворено општество неодамна го објави, а тоа е документ на 177 страници со наслов "Сојузниците на доверба во Европскиот парламент (2014-2019)". Една работа мора да му се признае на Отвореното општество - тие се навистина отворени. Барем во фазата на извршување на своите планови.

Во документот се наведени имињата на 226 претставници на ЕУ, заедно со кратки информации за нивната политичка ориентација и ставови.

Парламентот на ЕУ има 751 пратеник. Ако Сорос навистина може да смета на 226, тоа значи дека тој има контрола над една третина од претставниците на ЕУ, значи над една третина од европската парламентарна власт. Тоа е голема, многу голема моќ.

Кога зборуваме за глобалното политичко влијание на поединци во самиот врв, особено кај оние кои не се владејачки функционери, сигурно тука е американскиот мулти-милијардер од унгарско потекло, Џорџ Сорос.

За едни Сорос претставува најопасниот кројач на модерната политика во целина, додека други го гледаат како спасител, кој е подготвен да даде пари, многу пари, во борбата против национализмот и да ја турка идејата за глобализацијата и либералниот капитализам. Точно е нешто трето: дека Сорос не е толку влијателен како што тврди, ниту пак е спасител на либералните вредности, туку селективен промотор на истите.

Факт е дека Сорос успеа да ги реализира работите што никој друг на планетата не можеше да ги направи со своите огромни финансиски ресурси. Тој успешно го помина "трансферот на режимот" во неколку земји, но многу од неговите "неуспеси", исто така, се заборавени.

На пример, заборавајќи на фактот дека тој има инвестирано десетици милиони долари (овие се јавни цифри, во реалноста тие не се исти и веројатно се многу повисоки), со цел да се спречи повторен избор на неговиот имењак Џорџ Буш на претседателските избори во САД во 2004 година е само еден пример за тоа каде Сорос беше силно ангажиран, и зошто толку трагично го прифати поразот (победата Трамп најверојатно му е уште потежок пораз од реизборот на Буш).

Дека Сорос не е идеолог, туку геостратег, го потврдува фактот дека истите либерални вредности никогаш не се наметнуваат со таков интензитет (нити со било каков) во земјите каде што се на власт, според неговата проценка деспоти, диктатори, монарси и други форми на недемократски и квазидемократски режими какви тој ги квалификува како оправдување за своите дејствија.

Сето ова Сорос го става во пореален контекст – дека е продолжената рака на една гранка на американската политика. Тоа е, исто така, се чини, и судбината на амбициозните мега-капиталисти како Сорос - порано или подоцна тие стануваат партнери на политичките процеси. Неговиот неверојатно богат колега од клубот на Демократите, Бил Гејтс, по неговиот успех со "Мајкрософт" исто така стана учесник., дел од филијала на американската политика.

Ова нè враќа на прашањето кој е повеќе влијателен - политиката или мега-богатите? Очигледно, овие два света не можат да живеат разделени. Секој поголем капиталист кој има глобални планови по инерција влегува во политика, бидејќи постои одредена точка по која збогатување без создавање на оваа симбиоза не е можно. Ако империјата на богатиот сака да се шири низ целиот свет, мора да се качи на бродот кој плови и го чисти патот низ светот. Политиката на Вашингтон.

Се вели дека богатството и моќта ја менуваат личноста, како пак тогаш влијае богатството од таков размер? Тој самиот ќе каже како ја чувствува неговата "месијанска" улога и како верува дека прави добро, за целата човечка раса.

Додека голем број луѓе се шетаат низ џунглата наречена слободниот пазар, што и тој се обидува да го одржи борејќи се за својата егзистенција, постојат многу кои преку "соросување", се лепат за него како за крава музара, преку ширење на неговите идеи, без да знаат што е тоа или да веруваат во нив. Ги води профит и интерес.  Кој и да се тие, за идеите на Сорос и нивна имплементација, неуморно се работи во Вашингтон, но и низ светот, а некои од документите што ќе ги разгледуваме тоа и ќе го потврдат. Но, како што ќе видиме, работите се многу сериозни.

 

Британскиот политичар Најџел Фараж, укажа на нешто интересно во обраќањето оваа недела до парламентот на ЕУ. Тој потсети на фактот дека во последните денови почна бранот обвинувања против Русија за мешање во внатрешните работи на другите, секогаш кога ќе се покаже потреба од такво објаснување - Русија, исто така, е обвинета дека работела за отцепување на Велика Британија од Европската унија, како и на обидот за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Најџел Фараж

Но, она што Фараж, контроверзна личност во себе, посочи е всушност од каде потекнуваат ваквите обвинувања. Тој забележува дека лицето кое го покренало прашањето за вмешаност на Русија во БрекЗит, британскиот претставник Бен Бредшо, е поврзан со Сорос отворено општество. Исто така, Фараж наоѓа уште еден доказ за врската Сорос- напади врз Русија и Унгарија (Виктор Орбан) , тоа е белгискиот премиер Гај Верхофштат - и тој поврзан со Сорос Отворено општество.

Всушност, она на што  Фараж гопредупредува, а го забележаа и другите, е фактот дека лидерите на ЕУ пожестоко се ангажираа против "непријателите на либерализмот", како што се Орбан и Русија, токму во моментот кога Џорџ Сорос одлучи да вложи во неговата Фондација Отворено општество огромна финансиска инјекција од 18 милијарди долари.

"Се плашам дека сме само сведоци на највисокото ниво на меѓународен и политички дострел во историјата", рече Фараж.

Јавно достапни документи покажуваат дека филијалата на Отворено општество на политиката на ЕУ, OSEPI (Open Society European Policy Institute), одржало дури 44 засебни состаноци со членовите на Европската комисија во текот на 2016 година.

Кои невладини организации во светот имаат таков пристап до клучните луѓе кои кројат европската политика, и иднината на Европа? Зборуваме за влијание без преседан.

Исто така она што бара внимание е документ кој организација Отворено општество неодамна го објави јавно, и тоа е документ на 177 страници со наслов "Сојузниците на доверба во Европскиот парламент (2014-2019)".

Една работа мора да му се признае на Отвореното општество - тие се навистина отворени.
Во документот се наведени имињата на 226 претставници на ЕУ, заедно со кратки информации за нивната политичка ориентација и ставови.

"Овие претставници најверојатно ќе ја поддржат работата на Отвореното општество", стои во документот.

Значи, Парламентот на ЕУ има 751 пратеник. Ако Сорос навистина може да смета на 226, тоа значи дека тој има "контрола" над една третина од претставниците на ЕУ.

Документот е навистина експлицитен во дефинирањето како размислува секој пратеник. Сепак, може да се забележи дека меѓу нив има и такви кои навистина не одговараат на политиката на Отворено општество - на пример, за естонската европратеничка Јана Том е наведено:

"Таа одби да ја поддржи првата резолуција на Европскиот парламент за украинско-рускиот конфликт во јули 2014 година, може да биде про-руски ориентирана, но не е познато до кој степен."

За Моника Маковеј, специјалната обвинителка од Романија, стои:

"Одлучно прогресивна, со несомнени вредности сојузник на Отворено општество, не се двоуми да оди против инструкциите на својата група, сепак, понекогаш се опишува како непредвидлива личност кога станува збор за нејзините приоритети за кои нема компромис".

За нам познатиот Иво Вајгл е наведено: "Заинтересиран за надворешна политика, правата на сите малцинства и човековите права во светот".

На пописот на Сорос за неговите сојузници во ЕП е и Ричард Ховит, за кого е наведено дека се грижи за правата на малцинствата, структурни и регионални фондови, корпоративна социјална одговорност, права на животните и друго.

На листата на Сорос е и претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц.

Во документот, исто така, се наведени неколку хрватски пратеници во Парламентот на ЕУ.

Очекувано, тука е Тонино Пицула, кој, според неговото гледиште за Русија и Украина, сигурно заслужува место во оваа листа.

"Уверено про-европски ќе биде клучен за односите ЕУ-Украина, бидејќи неговата група го поднесува извештајот", се вели во делот кој го опишува него.

Документот во основа звучи повеќе како нешто што би го составилае разузнавачките служби за внатрешна употреба, но ова беше објавено јавно.

Од документот може да се прочита како Отворено општество всушност има став дека цела Европа треба да се прилагоди и потчини на нивните ставови и се гледаат себеси како некој вид на супра-национална, па дури и над-континентална организација која знае "што е најдобро" за народите во целина. Орвеловски, без сомнение.

Се разбира, Отворено општество не е единствена таква организација, постојат слични моќни организации кои бараат да бидат апсолутно над сè (малку наликува дури и на Хизмет движењето на турскиот клерик Фетула Ѓулен исто така моќен богат човек со американска адреса, но Отворено општество е далеку најмоќна организација од овој вид.

Се разбира иронично гледано, не е семоќна, може да се потпира "само на 1/3" членки на ЕУ. Тие се отворени во комуникациите, но сосема затворени во методите и стратегијата. Се чини дека никој не ги гледа, освен некои "отпадници", како што се Фараж, Орбан и други.

Се разбира дека нема да го критикувате или споменувате Сорос, оној од чии пари живеете, но што друго значи тоа? Значи дека влијанието на Отвореното општество во Европскиот парламент е околу една третина, но во медиумите можеби е околу 90%, ако не и повеќе.

Не е работата дури ни во тоа што речиси никој во Европската политика јавно не го критикува Отвореното општество - медиумите во Европа тоа или неа да го пренесат, или че го нападнат таквиот став, Она што е шокантно е дека покарај толкавото присуство и влијание на Сорос и Отворено општетсво во европската политика никој, всушност, дури и не ги споменува, иако станува збор за организација која има претензии да владее со Европа без да добие демократски мандат за тоа, бидејќи демократија преку посредници не може да биде демократија.

(извор: Advance)

Пописот на Сорос во Европскиот Парламент на овој линк

Поврзани

Најнови вести

Коментари