Вечер анализа

Пред Америка и Русија е клучна година, копјата ќе се кршат на Балканот

Русија и САД оставија турбулентна година зад себе која ја одбележаа санкциите, рациите и воените маневри на граница на конфликтот. Дали таквата ситуација ќе продолжи за време на новата, 2018, или ќе има релаксирање на односите?

Русија и САД оставија турбулентна година зад себе која ја одбележаа санкциите, рациите и воените маневри на граница на конфликтот. Дали таквата ситуација ќе продолжи за време на новата, 2018, или ќе има релаксирање на односите?

Почетокот на 2017 година беше обележан со ентузијазам во Русија, која славеше за доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД. Во февруари, САД дури и ги олеснија санкциите против руската служба за безбедност ФСБ.

Многу се очекуваше од историскиот состанок меѓу Путин и Трамп, кои прв пат се сретнаа оваа година во Хамбург, за време на самитот на земјите од Г-20, а подоцна и во Виетнам, за време на азиската турнеја на американскиот претседател. Иако Путин и Трамп разменија љубезни зборови, радоста траеше кратко.

Набрзо започна истрага за наводното руско мешање во претседателските избори во Америка, додека луѓето од тимот ред Трамп почнаа да даваат оставки од своите позиции.

Тоа беше проследено со два воени удари на Америка на Блискиот Исток - првенствено Трамп нареди да се фрли "мајката на сите бомби", а вториот дојде како наредба да се испалат околу 50 "Tomahawk" ракети, поради наводите дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, рускиот сојузник , користи хемиско оружје. Во исто време, воената интервенција на Русија беше во тек, додека Москва јавно го поддржуваше претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Конгресот на САД минатата година усвои нов пакет санкции против Русија првично заради анексијата на Крим во 2014 година, што предизвика револт во Европа, бидејќи анексијата ги зафати и енергетските прокети кои им се многу потребни на поедини европски земји.

Трамп беше против овие мерки, но Конгресот воведе дополнителен амандман и на американскиот претседател му ги врза рацете и го спречи него лично во обидот да ги укине или олабави санкциите.

Следуваше и дипломатскиот инцидент, кога федералните агенти влетаа во рускиот конзулат во Сан Франциско. Од зградата се крена и чад, поради што се веруваше дека руските дипломати запалиле чувствителни документи.

Москва не остана рамнодушна, а по наредба на претседателот Владимир Путин избрка стотици американски дипломати, на што Трамп само се заблагодари со зборовите дека ќе треба да троши помалку на нивните плати.

И Русија и САД ги прогласија одредени медиуми за странските агенти во Вашингтон и Москва. Сепак, последниот и најопасен спор се случи кон крајот на декември, кога Америка ја одобри продажбата на оружје за Украина, со која Русија се наоѓа во војна три години.

"Русија ја преценува својата позиција"

- Ако ги погледнеме сите отворени точки, засега нема начин дека ќе има подобрување во односите. Прво, прашањето на Северна Кореја, прашањето во кое Русија се повеќе се вклучува, а кое само ќе ја ескалира. Прашањето за Сирија и опстанокот на Башар ал-Асад на власт, најверојатно, ќе биде продолжено. И, се разбира, Украина,во која само ќе се интензивира конфликтот, со оглед на активностите на НАТО, изјави за Блиц политичкиот аналитичар Душан Јањиќ.

Како што објаснува Јанјиќ, иако не е прекината целата комуникација како за време на Студената војна, сè уште нема изгледи за подобрување на односите.

- Русија ја преценува својата позиција, која е во корист на Владимир Путин пред изборите оваа година. Сепак, Русија не е светска сила, но тоа се САД и Кина. Ова ќе се одрази пред сè на угледот на Русија, и политички и дипломатски - вели Јањиќ.

Ова најмногу ќе се почувствува во Украина, рече Јањиќ, бидејќи на Киев не му одговора статус кво ситуација во источниот дел на земјата.

- Истокот, кој е под контрола на проруските бунтовници, е исто така најбогат дел од Украина со руда, а Киев мора да го врати. Од друга страна, тука е Крим, кој е главен адут за трговија, и затоа е можно да се очекува напредок во врска со прашањето за Крим, но можеби и за Косово, вели Јањиќ.

Според Јањиќ, московските власти велат дека ќе сторат сé што е во интерес на Србија, но и дека Косово се третира како принцип за решавање на Крим.

- Ова не е тајна, и јавно се зборува за тоа. Ова значи дека Москва може, ако Западот ја прифати реалноста дека Крим е дел од Русија, да го прифати влезот на Косово во Обединетите нации. Друга важна работа е што, ако се постигне одреден договор за Грузија, Русија би можела да прифати западно решение за Западен Балкан - вели Јањиќ.

Руската платформа е јасна, објаснува политичкиот аналитичар за "Блиц", додека во САД како платформа може да се смета новата Стратегија за национална безбедност, која претседател Доналд Трамп неодамна ја престави.

- САД истакнуваат дека Западниот Балкан се смета за домен на влијанието на НАТО, и затоа некои компензации со Русија се можни. Таквите процеси веќе ги гледате во Сирија и во централна Азија, каде САД и помага на Русија во борбата против тероризмот, а не се бунтуваат против руското останување во Сирија и во воените бази, а од друга страна, Москва не реагира силно против одлуката на Вашингтон за прашањето за Ерусалим - вели Јањиќ .

Според него, не е случајно ниту што Белград е избран за преговори за Украина меѓу Москва и Вашингтон, која е јасна порака до Србија и Западен Балкан дека тие одлуки и те како се однесуваат и на нив.

"Иран како ново жариште"

Според соработникот на Факултетот за политички науки Стефан Сурлиќ, почетокот на 2018 година беше обележана со политичката криза во Иран, според која позициите на Русија и САД се спротиставени.

- Темите за Украина и Сирија ќе продолжат да ги оптоваруваат односите на двете земји, но поголем потенцијал за заострување на односите може да има развојот на настаните во Иран и Северна Кореја. Русија ја гледа актуелната влада во Техеран како свој сојузник, додека Америка е подготвена да го смени режимот - објаснува Сурлиќ.

Според него, и неодамнешниот повик на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон до Русија и Кина да извршат притисок на Пјонгјанг, говори дека Вашингтон очекува широка меѓународна поддршка за својата политика кон Северна Кореја.

"Но, сите изгледи наговестуваат дека до тоа нема да дојде", смета Сурлиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари