Вечер анализа

Мистерија за смртта и гробот на Александар Велики Македонски

Според историските податоци Александар Велики Македонски умрел во Вавилон (Египет) на возраст од 33 години. Според историчарите, бил отруен, што е заговор на дел од неговите генерали во борба за превласт. За неговиот погреб имало два ковчези, во едниот било телото на Александар, а другиот бил празен за да се залажат неговите следбеници кои биле подготвени да го слават неговиот него и местото на неговиот гроб.

Неодамна е откриена мистеријата за смртта на Александар Македонски, освојувачот кој умрел во 323. година п.н.е, на свои 32 години.
Барем така тврди Лео Шеп од новозеландскиот завод за токсикологија, кој изнел теорија дека еден од најголемите освојувачи во историјата најверојатно бил убиен од вино од пелин, на изглед безопасна билка.
Според досегашните теории, Александар починал или од природна смрт, или од маларија, а има и теории кои тврдат дека некој го отрул за време на прославата во палатата Набукодонсор Втори. Кратко по прославата имал грозница од која не можел да се движи и да зборува. Починал 12 дена подоцна.

Шеп ја отфрла теоријата дека бил отруен со арсен, бидејќи во тој случај смртта би настапила многу порано. Во својот научен труд, овој токсиколог вели дека виновник за смртта била билката veratrum album, кај нас позната како пелин. Македонците истата ја користеле кај болните за да предизвикаат повраќање.

Токсикологот од Нов Зеланд потсетува и на записите на старогрчките историчари, кои велат дека Александар почувствувал болки откако се напил вино во чест на Херкулес.
- "Симптомите за труење со пелин се болка во желудникот и под градите, а често доаѓа и до вртоглавица и повраќање. Тоа доведува до забавување на срцевиот ритам и пад на крвниот притисок. Александар пател од слични симптоми во наредните 12 дена", пишува во трудот на Шеп.

Шеп на ова истражување работел 10 години. Во 2003. години му се јавила екипа од BBC, и го ангажирала да ја истражи смртта на Александар за потребите на нивниот документарен филм.
"Мислев дека нема да откријам ништо, но на мое изненадување, откривме нешто што би можело да биде вистина", изјавил Шеп, пренесува Independent.
Сепак, предупредил дека неговата теорија не може да биде потврдена. "Никогаш нема да знаме со сигурност", вели Шеп.

Тоа е последниот од научните наоди за причините за смртта на Александар Македнски. Но, каде по умирањето е закопан. Последниве две години се случува вистинска трка со време и докази помеѓу Грција и Македонија да се пронајде гробот на Александар. Што велат кажувањата за тоа.

Рускиот весник „Аргументи и Факти" објави сензационална вест дека група грчки археолози тврдат дека гробот на Александар Македонски и Ковчегот на заветот биле пронајдени на островот Тасос. Пренесувајќи ја изјавата на раководителот на грчкиот археолошки тим Николаос Кумарѕис, локацијата била случајно пронајдена, со помош на аматери копачи, при што не очекувале дека ќе наидат на вака сензационално откритие.

Весникот наведува дека доколку се потврди наодот како вистинит, ќе преставува најголемо археолошко откритие во поново време. Во записите, гробницата на Александар се споменува се до до 4 век од нашата ера, кога се губи секаква трага и денес преставува една од најголемите светски мистерии. Нејзиното откривање преставува сон на секој археолог или на ловците на богатства..

Но, било која информација дека е пронајден гробот на Александар Македонски треба да се земе со резерва. Не е првпат Грци да се појават со информација дека ја откриле неговата гробница. Уште во 1850 година, гркот Амброзие Скилаци, објавува приказна дека го пронашол и го видел мумифицираното тело на Александар, што ќе се покаже неточно. Четириесет и три години потоа гркот Јонаидес се појавува со истата приказна како и неговиот сонародник преведувачот Скилаци. Во 1893 година, Јонаидес објавува дека ги открил гробовите на Александар и славната Клеопатра. Но, за сето тоа нема докази.
Гркот Стелиос Коумтсас во 1950 година отпочнува истражувања низ цела Александрија во потрага по гробот на Александар. Кога професорот Питер Фрејзер од Универзитетот во Оксфорд во една Александриска чајџилница во јуни 1961 година ја прегледува книгата за Александар како доказ на Коумтсас, оценува дека сето тоа преставува личен впечаток, а не доказ или научен труд.
Манолис Андроникос на 8 ноември 1977 година открива богат и неограбен гроб во кралската македонска гробница во Вергина, Егејска Македонија, и наговестува дека станува збор за тумул на македонскиот крал Филип II Македонски. Истражувачот Леман ќе изнесе оправдани сомневања дека во гробницата кај селото Кутлеш (Вергина) бил погребан Филип II., и повторно ги нема доказите кои науката ги бара за верификација на наодот.

Според неговите анализи се работи за остатоците на Филип III Аридеј и неговата сопруга Адеа Евридика.

Пензионираниот грчки армиски генерал Триантифилос Папазоис, во 2002 година лансира во јавноста веб сајт на англиски јазик за да ја промовира својата интерпретација и теза дека Александар а не Филип II, бил погребан во гробот во Вергина (Кутлеш) Македонија.

Најдалеку оди грчкиот археолог и филолог од универзитетот во Атина, Лиана Сувалтзи, која во 1995 година објавува дека гробот на Александар е во оазата Сива, северно од египетската пустина. Подоцна, Египетскиот Совет за Антиквитети работата на археологот Лиана Сувалтзи ја опишал како лошо и нестручно археолошко истражување. Лиана била во заблуда бидејќи во суштина ги интерпретирала наодите од добро познатиот дорски храм, како македонски гроб на Александар.

Постојат повеќе теории за тоа кaде се наоѓа гробот на Александар Македонски. Една од најприфатените е дека по смртта Александар бил погребан во Египет, во неговиот град Александрија.

Приказната почнува кога во 321 г. пр.н.е. Александровата погребална кочија била киднапирана од генералот Птоломеј во близина на Дамаск, а телото на Александар било пренесено до Мемфис каде бил погребан.
Дури и е запишано:

Тоа беше Птоломеј Филаделфиус што од Мемфис го донесе телото на Александар во Александрија." (Павсаниј, II век н.е.)
Птолемеј Филопатор во 215 г. п.н.е. во средината на Александрија изгради меморијална зграда, која што сега се нарекува Сoма, и ги положи таму неговите предци, заедно со неговата мајка, а исто така и Александар Македонски'. (Зенобиј, II век н.е.)
Сoма на грчки значи тело, па според експертите, тоа е доказ плус дека таму е телото на Александар. Но, појаснуваат дека не мора да значи дека токму во тој објект, туку на таа територија, односно Александрија.

„Октавијан го виде телото на Александар и дури го допре, но така невешто што, како што се раскажува, му скрши дел од носот. Не сакаше да ги види телата на Птоломеите..., повторувајќи дека дошол да види цар, а не трупови." (Дио Касиус, II век н.е.)
„Само што влезе во градот (215 г. н.е.), Каракала со целата негова војска отиде во храмот каде што принесе многу жртви и остави многу темјан. Потоа отиде до гробот на Александар, каде што ја соблече и ја положи својата пурпурна наметка, прстени од скапоцени камења, неговите ленти и сé друго скапоцено што носеше со себе." (Херодијан, III век н.е.)

Приказната почнува кога во 321 г. пр.н.е. Александровата погребална кочија била киднапирана од генералот Птоломеј во близина на Дамаск, а телото на Александар било пренесено до Мемфис каде бил погребан. Потоа, меѓу 298 - 283 г. пр.н.е. се смета дека Птоломеј го преместил телото на Александар во Александрија и го погребал во првиот тамошен гроб. За време на неговиот син Птоломеј IV Филопатер, Александар бил погребан во 215 г. п.н.е, во нов величествен гроб-мавзолеј наречен Сома. Гробот бил посетен од римските императори Јулиј Цезар, Октавијан Август, Хадријан и Септимиј Север кој го затвора гробот од можно вандализирање. Гробницата на Александар се споменува до IV век, а по христијанските бунтови во 391 г. н.е. во Александрија бил уништен александрискиот Серапеум (храм на богот Серапис), и можеби Александровиот гроб.
Она што е извесно, и од повеќе извори проверено и потврдено е - дека гробницата на Александар се споменува до 4 век, а по христијанските бунтови. Во 391 г. од н.е. во Александрија бил уништен александрискиот Серапеум, и можеби Александровиот гроб.

Следна теорија е дека гробот на Александар е во Македонија. Врз основа на делата на античките историчари Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и Куртиј Руф, како и на современите проучувачи на античката историја на Македонија и Македонското кралско семејство, се повеќе се верува дека телото на Александар било вратено и погребано во Македонија. Местото каде е погребан би требало да се бара во близината на Пела, или во големите пеонски гробишта во близина на Гевгелија и Валандово или античките градови Гортијана, Аталанта и Идомене.

Но, најноваите приказни пласирани во последната деценија, повторно го отвараат прашањето за местото на гробот на Александар. Таа посочува дека можеби гробот на Александар се наоѓа во Венеција!?
Мистеријата е толку голема што и наодот на полските археолози дека гробот на Александар Македонски се наоѓа во Александрија, што долго беше и научно прифатено, последнава деценија станува релативна вистина, бидејќи новите научни технологии за утврдување на старост и состав на артефекти не наоѓаат доволно докази за ова тврдење, а од друга страна се поверојатно е дека во Вергина навистина, во 1977 година, е пронајден гробот на Филип Втори.

Независниот хрватски истражувач Домагој Николиќ тврди дека сознанијата упатуваат на друга локација. Според него, таа локација каде би можел да се наоѓа гробот на Александар Македонски е Црнилиште, близу Свети Николе. Речиси во исто време, пред три години, грчките археолози излегоа со тврдење дека нивните наоди укажуваат на друг наод - гробот на Александар е Амфилополис, во грчката област Серез, каде се погребани жената на Александар - Роксана, како и неговиот син Александар Четврти. Останува да почекаме, и да видиме кој бил во право. (Vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари