Вечер анализа

Која е, навистина, Ангела Меркел. Владетелката на Европа

Која е, всушност, Ангела Меркел, најмоќната жена во светот и најсилната политичка фигура во Германија по Втората светска војна. Нејзината приватна биографија и податоците од приватниот живот се исклучително ретко и тешко достапни. Дури во неодамнешната кампања за нејзиниот четврти канцеларски мандат медиумите за прв пат добија дозвола да влезат во нејзиниот дом, стан во центарот на Берлин. Како и во случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, и таа одбила да се пресели и живее за време на мандатот во владината премиерска резиденција туку избрала да остане во својот дом. Дури ни нејзиниот најблизок соработник Волфганг Шојбле, министер за финансии, никогаш не влегол во нејзиниот дом, изнајмен стан на улицата Ам Купферграбен, на четвртиот кат каде на вратата пишува само "Професор Зауер" и ништо друго.

Со сопругот Јоахим Зaуер, професор по квантна физика, ретко се појавува во јавноста бидејќи нему му пречела таа медиумска гужва и провокациите од јавноста. Спртивно на принципите на нејзиниот сопруга Ангела Меркел е постојано јавно активна, десет пати е прогласувана за најмоќна жена на планетата од американскиот магазин Форбс.

Последната нејзина изборна кампања за нејзиниот четврти мандат беше поинаква од претходните, таа се најде под удар на јавноста заради дозволата за влез на околу милион бегалци од Блискиот исток, а нејзината појава беше оценета како ризична за привлекување нови гласачи: крута, без емоции, застарен примерок на германска жена од провинцијата и недуховита па нејзиниот тим за промоција реши, одеднаш, да ги отвори вратите на нејзиниот приватен живот и да ја прикаже во јавноста како нов лик.

Во таа кампања Меркел настапи како жена и сопруга а не како тврд германски политичар па дознавме дека како млада имала немирен дух, сакала да патува, не пиела алкохол освен пиво и понекогаш шери, а дека кај мажите најмногу ја привлекувал нивниот, машки поглед. На жените им се обрати со рецепт за супа од компири и препорача дека компирите не треба да се гмечат во блендер туку рачно, ако сакате да го добиете најдоброто од него.

Никогаш не сум држела диета, напротив сакам да вечерам доцна навечер, изјави Меркел.

Службено - Ангела Доротеа Меркел е родена Каснер на 17 јули 1954, германска политичарка и поранешен научник, нејзиниот татко бил свештеник а има три години помлад брат Маркус и десет години помлада сестра Ирене. Ангела Меркел е канцелар на Германија во четири мандати, од 2005 и денес по победата на избори во септември 2017, и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.

Образувана во насоката квантна хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко работејќи како портпарол за тогаѓната влада на Источна Германија. По обединувањето на Западна и Источна Германија во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд, која и денес претставува нејзина изборна единица. Подоцна била назначена за сојузна министерка за жени и млади во 1991 под водство на канцеларот Хелмут Кол, по што била унапредена во сојузна министерка за животна средина, заштита на природата и нуклеарна заштита во 1994.

Откако коалицијата ЦДУ/ЦСУ била поразена во 1998 била избрана за генерален секретар на ЦДУ, пред да биде избрана за прв женски лидер на партијата во 2000.

По сојузните општи избори во 2005 била назначена за прва жена канцелар на чело на големата коалиција, која се состоела од нејзината партија ЦДУ, нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Таткото Хорст бил лутерански свештеник, а мајка и Херлинд наставничка по англиски, италијански и латински јазик. Кога имала само неколку недели, нејзиното семејство се преселило во Источна Германија. Ангела сакала да биде професорка по руски јазик кога била мала. Во училиште одлично и оделе природните науки. Во текот на студиите во Лајпциг од 1973. до 1978. година, заработува џепарлак работејќи како келнерка во дискотека.

Зад себе има два брака. Првиот се случил во 1977. година со колегата од факултет, Улрих Меркел кого го запознала во 1974 година на патување низ Русија. Докторирала во Источен Берлин. Се развеле во 1982. година, но и после тоа го задржала неговото презиме.

Меркел е во политиката од својата младост, па забележано е дека била врбувана во осумдесеттите години да соработува со источно германската тајна полиција Штази но, соработката не е остварена. Кога во ноември 1989. година бил урнат Берлинскиот ѕид, Ангела преминала во западниот дел, испила пиво и се вратила бидејќи следниот ден морала да оди на работа.

Да, личниот живот на Андреа Меркел доскора во јавноста имаше статус на службена тајна, Стефан Корнелиус, уредник на списанието Зуддојче цајтунг и нејзин биограф пред последните избори изнесе неколку факти кои дури ни Германците не ги знаеа за својата премиерка: Дека има делумно полско потекло, нејзиниот дедо Лудвиг Казмерчак е роден во Познањ, Полска. За време на нацизмот се откажал од полското потекло и го сменил презимето во Казнер.

Меркел е лош говорник, кратковида е и одбегнува да носи наочари а и се случува да заборави да стави контакт леќи па има проблеми да го прочита говорот, тоа е нејзината слаба страна во јавните настапи но, со време јавноста се навикнала на тоа и го прифатила како недостаток кој е небитен во однос на нејзината голема моќ да ги гледа работите и проблемите крајно практично и наоѓа ефикасни рационални решенија ослободени од емоции и идеологија. Типично за Германија и нејзините модели и потреби.

Во политиката Андреа Меркел не ги крие своите лични фаворити, и не е тајна дека има посебни релации на доверба и комуникација со рускиот претседател Владимир Путин но, тоа не и пречи да и воведе санкции на Русија кога за Германија и Европската унија тоа беше оценето како потребно.

Како што не крие дека не поднесува естрадни политичари од типот на Силвио Берлускони, Доналд Трамп или авторитарни лидери како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со кои комуникацијата се сведува само на службени релации, а довербата и личниот респект ги чува за други луѓе. Британскиот премиер Дејвид Камерон неколку пати изјавил дека, според него, тој е еден од фаворитите на Меркел во политиката но, не помина долго време Меркел го демантираше Камерон, и со зборови но, и со дела. Нејзината политика има малку компромиси а многу повеќе проценка, план и менаџирање. Кога Велика Британија гласаше за излегување од Европската унија таа веднаш побара процесот на разделба да почне што е можно поскоро, а денес не се согласува со идејата разделбата да се одложи. Не пости говор во кој таа објавува некој план за идните пет години, туку спроведува политика чекор по чекор.

Но, таа не би останала во политиката повеќе од три децении со најдолг мандат како германски премиер (канцелар) доколку не би имала јасна мисија, стабилен тим со цврст план и осет за толеранција кога тоа навистина се мора. Германија е европски лидер кој, доста умно, опстојува на таа позиција добро проценувајќи ги интересите и можностите на САД од една и Русија и Кина од другата страна и градејќи ги своите интереси и европско лидерсто на тие бурни бранови додека и САД и Русија се борат да ја привлечат и одржат соработката со Германија.

По дојава од Москва и руските разузнавачи, поткрепена со изјава и докази од Едвард Сноуден, во 2013 пукна афера дека НСА, американската агенција за сигурност и ЦИА со години ја прислушкувале Ангела Меркел и нејзините соработници што беше силен удар врз перцепцијата за соработка и доверба меѓу Вашингтон и Берлин, и удар врз гордоста на Германија и нејзините граѓани.

Во јавноста Меркел беше воздржана околу ова, но не беа мирни - извршија ревизија на германската разузнавачка агенција БНД и утврдија дека нејзиниот службата и нејзиниот шеф Шиндлер повеќе соработувале со американската отколку со германската власт, по што следеа смени. Покарј се, соработката на Германија со САД е стартешка и мораше да продолжи но, за скандалот Обама мораше да ја плати германската цена - НСА јавно призна дека прислушкувала, а Обама им се извини на Германија и Меркел за постапката. Русија ја постигна целта да ја разништа довербата на главните соработници на САД во Вашингтон, а Германија доби прилика да ја покаже својата важност во светската политика и добие извинување од американскиот државен врв.

Германија е моќна, а Андреа Меркел е на чело на таа машина. Три века Германија бара начини да владее со Европа, им успеваше на кус период но, поразите кои следеа беа скапи и уривачки. Сега Европа е под власт на Германија без испукан куршум. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари