Вечер анализа

Кој ќе владее со светот? Евроазија и железницата

Климатските промени носат тешкотии во авионските летови и патувањето на бродовите. Кина, а набргу и Индија, како најголеми светски производители нема да можат до САД и Америка воопшто да испорачуваат стоки и производи како што тоа денес се прави, едноставно и ефтино. Америка ќе се изолира од денешните трговски патишта, а предност ќе имаат сувоземните врски - а тоа е Еврoазија.

Само тие патишта ќе бидат слободни, неоптеретени со морски бранови од по триесеттина метри, и со циклони и тајфуни кои се почесто владеат со морето и воздухот низ кој летаат авионите. Богатиот пазар на Европа и производната и енергетска база на Русија, Кина, Индија... ќе се поврзуваат со брзи и сигурни железници. Железницата може да ја спои Кина со САД преку врската со Аљасака но, тој пат поминува преку Русија, и со тоа се е кажано.

Се по сериозно се расправа за мега железнички проекти на иднината кои ќе поврзуваат клучни светски центри. Во срцето на овие планови е Кина која има развиено свој железнички сообраќај. Но Кина има и амбициозни планови кои растат паралелно со јакнењето на кинеската економска сила за нејзините производни погони да имаат стабилни пазари.

Со Воз од Пекинг до Лондон преку дури 17 држави, или од Пекинг до американски центри преку Сибир, под Беринговиот премин, Аљаска и Канада? Овие мега проекти сеуште се започнати, и за нив интезивно се размислува, некои тврдат дека ќе станат реалност до 2020 година.

Една работа е сигурна, Кина ќе биде клучот за равој на овие проекти.

Кина веќе развива брз железнички сообраќај, возови со голема брзина над 200 колометри на час. Поминати се шест години откако првиот кинески воз со голема брзина го поврза Пекинг со блиското пристаниште Тијанџин. До денес, овие брзи линии опфаќаат површина од преку 10.000 километри – податок кој е фасцинантен ако се има предвид дека тоа е повеќе од цела Европа.

Кинески возови со голема брзина сега поврзуваат над 100 градови низ земјата. Скептиците тврдеа дека проектите нема да бидат исплатливи, но се покажа сосема спротивното. Со брзите возови во Кина и денес се врши превоз на преку 2 милиони патници дневно, што претставува околу една третина од сите патници со железница во Кина.

Економскиот аспект е важен, но не е единствен. Кинеските нови брзи линии понекогаш "плетат мрежа" низ земјата со други фактори кои треба да се земат во обзир, еден од нив е етничкиот фактор. Ксинџијанг, секако, ќе биде битен и на него властите во во Пекинг, посебно ќе се фокусираат поради се почестите немири и сепаратистички тенденции.

Кога зборуваме за кинеските брзи возови кој низ различни држави патуваат со просечна брзина поголема од 200 км на час, секако треба да се споменат и кинеските "Maglev" возови. Магнетно левитациските возови - први од таков вид кои се користат во комерцијални цели уште пред десет години. Воз од ваков вид постави рекорд во комерцијална употреба со 431 км/h, a во не комерцијални цели истиот воз постигна брзина од дури 501 км/h.

Maglev лебди со помош на магнетна сила – во движење возот не ја допра површината, туку лебди на многу мала оддалеченост од баровите за користење магнетнобојна сила. Ова значително го намалува триењето, и на тој начин има и мали трошоци за одржување. Оваа технологија е исклучително скапа инсталација, но со доволен број на патници може да биде многу профитабилна.

Грандиозни инженерски планови

Предложената линија ќе започне во североисточниот дел на Кина, ќе оди преку Сибир, низ тунелот ќе помине под Пацификот и би продолжила до Аљаска, по до Канада, се до областа на континенталниот дел на САД. Преку Русија.

Возот ќе помина низ Беринговиот теснец ќе биде навистина голем инженерски подвиг. Подморскиот тунел би требало да биде долг околу 200 километри кој ќе ја поврзува Русија со Алјаска.

Еден од најистакнатите кинески железнички експерти Ванг Мангшу, во интервју за кинески весник изјави: "Веќе сме во преговори, Русија размислува за тоа со години."

Проектот сега се нарекува "Линија Кина-Русија-Канада-Америка". Овој голем железнички проект ќе биде составен од 13.000 км железнички пруги и со тоа ќе биде, исто така, најдолгата железничка линија во светот. Според сегашните пресметки патување ќе трае два дена, при брзина од 350 км / ч.

Втор проект – од Лондон до Париз, а потоа во Берлин, Варшава, Киев и Москва. Во Москва линијата би била во два правци: првиот пат ќе оди према Кина преку Казахстан, а другиот преку источен Сибир.

Третиот проект започнува во западниот дел на Кина, во градот Урумки (главниот град на провинцијата Ксинџијанг), а продолжува преку Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, Иран, Турција, сè до Германија.

Конечно, тука е и четвртиот проект – линијата ќе започне во југозападниот кинески град Кунмин и ќе води до Сингапур - преку Виетнам, Камбоџа, Тајланд и Малезија.

Според пишувањата на кинеските медиуми сите овие правци во моментов е во "различни фази на развој."

Кога ќе започне работата со проектите? Колку ќе чини? Кога ќе биде завршена?

За сите прашања, се уште се чекаат одговори, но ако се има на ум со која брзина Кина ја испреплете целата земја со модерни возови нема долго да чека за одговори, дури и за реализација. Дури и сега може јасно да каже како ќе изгледа иднината – како Кина планира да се поврзете со целиот свет со една голема железничка пруга.

Кинескиот план е клучен за светската економија. Како што се менуваат центрите на политичка и воена моќ, наскоро ќе се менуваат и центрите на економска моќ. Во новите планови кои се тмелат на пресметки и проценки за иднината на транспортот и дистрибуција на енергенсите, сосема е очигледно, Кина и Русија се клучните играчи, а Европа е нивни партнер.

Своја шанса има и Турција, која до скоро умно играше на соработка со Вашингтон на воен, и со Русија на економски план, иако инцидентите во Сирија го доведоа Руско - Турскиот економски сојуз во криза, но обидот за атентат врз Ердоган и подготвеноста на Русија да не дозволи создавање курдска држава, ги зајакнаа руско-турските односи на највисоко ниво досега..

Што ќе биде со САД и Канада, кои се надвор од овие планови, е прашањето за кое засега нема одговор но, крајниот резултат секој може да го пресмета. САД се се уште држава со најголема економска и финансика моќ, но нивните главни трговски партнери се надвор од северноамериканскиот континент: Кина, Русија, Индија, Блискиот исток, Европската унија, Јапонија... се далеку. Засега, со се уште умерени последици од климатските промени транспортот на релација САД и овие големи пазари се одвива со авиони и бродови но, во САД исто така знаат дека секоја нова деценија носи значително влошување на климата, немирно море и несигурно летање, поголем ризик за движење на бродовите и авионите и тоа, освен за силната американска војска, е уште поголем проблем за американската економија. Сите патишта треба да бидат на земја, а тие патишта до наведените големи пазари водат - преку Кина и Русија.

САД и Канада засега остануваат надвор од главните светски движења и комуникации на иднината, а со тоа и надвор од економските и трговски правци што досега, по воената моќ на САД, беше главен столб на американската доминација. Не е предвидување, едноставна пресметка е дека идните војни, освен за извори на вода, ќе се водат за контрола на сувоземните патишта, за линијата Евроазија. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари