Вечер анализа

Каков ќе биде човекот во следниот век? Не би го посакал за пријател

Следат бурни времиња за човештвото. Наскоро ќе се премине критичната бројка од 10 милијарди луѓе и природата веќе нема да има капацитет да обезбедува храна, вода и живот за толку население. Климата станува бурна, а воздухот загаден. Да, технологијата прави чуда, но технологијата не може да создаде живот, туку напротив животот ќе стане зависен од неа наместо од природата, а тоа се сосема други правила на живеење и опстанок. Затоа, не бидете тажни што нема да го доживеете следниот век.

Човекот, веќе кон крајот на овој и во следниот век ќе биде:

1. Отпорен на вируси и бактерии

Медицината и лекарите и сега можат да им помогнатна луѓето да преживеат опасни болести, но кога има епидемии како ебола, и други кои ги напаѓаат цели народи, малку може да се направи за поединецот. Во такви ситуации природна генетика најмногу може да помогне - со други зборови, крајниот исход е во целосна смисла согласно Дарвиновата теорија за опстанок на посилни поединци. Болеста убива речиси секој што нема доволно силен имунолошки систем, и оној кој има силен имунитет ќе преживее, и ќе ја пренесе генетска отпорност на идните генерации. Според "USA News" и "World Report", луѓе чии предци живееле во европските градови во средниот век каде преживеале тешки масовни зарази, тие се со поголема веројатност да им се развие природен имунитет заразни болести.

Природниот имунитет ги штити не само поединците туку и целото нивно семејство. "Science Daily", пишува дека ако некоја болест преовладува во некои семејства, и ако кон семејството се приклучи само една личност која е отпорна на болеста, во голема мерка ќе се намали веројатноста за ширење на таа болест на идните генерации. Со време, отпорните ќе се мешаат со неотпорните, и имунитетот на опасни зарази и бактерии прогресивно ќе се зголемува.

2. Нема да има пица и пиво

Човечките суштества се паметни, успешни, интелигентни и имаат прилично напредна вештина за преживување, но веројатно дури и Чак Норис нема да го преживее ако метеор ја погоди земјата каде што тој се наоѓа. За жал, на секое живо суштество во светот - му се случува смрт. За жал. Сепак, според списанието "Humanity+" еден ден, и тоа не така далеку, секако пред крајот на овој век ќе се стави во примена технологијата на вештачка интелигенција која сега се развива - ќе постои можност за многу детално скенирање на мозокот - атом по атом, а потоа таа содржина со податоци да се внесе во компјутер. На овој начин "душата" на човекот, неговата мисла, меморија и емотивно-интелектуална содржина ќе се сочува на неопределено долг период - ќе може да се живее вечно и да се види и прими сознание што вашите деца и внуци - прават на интернет.

Значи ќе живеете, и ќе имате свест за тоа, без да јадете пица, пиете пиво или имате специјални трошоци за кирија, енергија или плаќање даноци - освен на системот каде што е поставена вашата "душа". Трансхуманистите ја предвидуваат иднината во која ќе можете да ја прегфрлите вашата "душа", податоците и соджината на вашиот ум, во роботско тело, или само да останете во компјутерот и да имате "кул" искуство со виртуелната реалност. Иако звучи фантастично, за многумина ова всушност наликува на нешто полошо и од самата смрт.

3. Нема повеќе раси, нема црни и бели

Различните раси според бојата на кожата се развиени кога популациите живееле во изолација, со адаптација кон специфични услови на животната средина. Затоа, на пример, Европејците се толку различни од Африканците. Ако треба да му верувате на текстот објавен во "Mother Nature Network", денес речиси и да нема изолирано население. Луѓето чии предци потекнуваат од Азија или Африка, жените и децата им се измешале со потомци кои се припадниците на другите раси, како белите луѓе не се веќе мнозинство иднината на белите е да потемнат и, како што рече комичарот Расел Петерс, сите ние конечно во иднината ќе станеме исти - беж. Да, така ќе биде. Тоа може да делува смирувачки на расните тензии и поделби во светот, еден проблем за војни - помалку.

4. Нема повеќе депилација

Оние кои сакаат да ги провлечат прстите низ косата на некој близок ќе уживаат во ова задоволство и во иднина, но прашање е до кога. Во текот на историјата, влакната биле во мода, но сега тие се терет, влакната не му требаат на човекот како во далечното минато и телото е веќе во процес на нивно отфрлање. Косата била потребна за заштита на главата, но со векови луѓето имаат алтернатива за тоа, и густината на влакната на косата опаѓа како што ги снемува и влакнта од телото. Тоа губење на влакната од телото е доказ за нашиот успех како вид. Според Питер Вилер од Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, иднината веројатно предизвикува губење на косата, а пред неа исчезнување на влакната од телото. Според неговата теорија - со денешната технологија и начин на живот, косата е сосема непотребна, и таа ќе исчезнува во иднина.

5. Ќе станеме послаби од сега

Физичката сила ни помага да преживееме. Во прастарите времиња, посилните луѓе биле подобри ловци и борци, изградиле побезбедни засолништа и посилни заедници, поради што тие биле повеќе посакувани од жените кои живееле под машка заштита. Во иднина, физичката моќ, мускулите и атлетските способности нема да бидат никаква предност, туку трошок за тело кое бара повеќе одржување.

Антропологот Питер МекАлистер рекол дека мускулните мажи се "најлошата група на хомо сапиенс кои некогаш живеела на планетата", Тие се најголеми потрошувачи на храна, енергија и се најчеста причина за насилство, освојување туѓ имот, жени и отворање спирала на насилства од широки размери, што е прилично грда мисла, но веројатно не е далеку од вистината. Според Mother Nature Network машините ја замениле човечката сила, а тоа ќе продолжи и во иднина. Всушност, нашите мускули не ни се веќе најбитна карактеристика, а во иднина примарно ќе ни биде потребна храна за да го стимулираме постојано растечкиот мозок. Ова значи дека во иднина ќе бидеме физички послаби, и повеќе склони кон генетски болести кои ќе се надминуваат и решаваат многу успешно со нови технологии.

6. Убавите и ѕверовите

Класните разлики помеѓу богати и сиромашни отсекогаш биле причина за конфликт, но постојат научници кои мислат дека класните поделби на крајот резултираат со создавање на два сосема различни видови луѓе. Според "Live Science", д-р. Оливер Кари вели дека горната класа ќе се развие во интелигентни суштества кои ќе бидат тенки, кадифни, високи и убави, додека пониската класа изгледа како, да речеме, генетски модифициран Шрек. Сепак, оваа хипотеза има многу недостатоци. Таквата "симпатична спецификација", која е име за процесот на создавање на нови видови во ист животен простор, е реткост. Додека има барем неколку луѓе во горната класа, кои како партнери избираат луѓе од пониската класа, не постојат начини да се создадат две сосема различни видови на луѓе.

7. Постродно општество

"Добредојдовте во светот постродно општество". Во своето дело под наслов "Postgenderism: Beyond the Gender Binary", Џорџ Дворски и Џејмс Хјуз објаснуваат дека постродното движење е иднината, и тоа се залага за употреба на биотехнологијата доброволно да се елиминира полот на човечката раса. Ќе живеат како Андрогени. Или, преведено на денешен јазик, оваа ултра нехумана теорија предвидува дека во иднина ќе нема полови органи за репродукција кај мажот и жената, ниту пак жената ќе може да носи дете до неговото раѓање. Едноставно, сите ќе бидат исти и без полови органи, а репродукцијата ќе се обавува со помош на технологија која ќе создава такви луѓе како следна генерација, со можност за дизјан на нивното тело по нарачка.

Таа еднаквост помеѓу луѓето според денешните родови разлики ќе значи намалување на конфликтноста, предрасудите и тензиите, а ќе ја зголеми ефиксноста на тие хумнаоиди. Но, што станува со љубовта, сексот, мајчинството, пријателството, среќата која ја носат децата и семејството?

8. Човечката раса веќе не еволуира

Научниците веруваат дека човечката еволуција е застрашувачки забавена. Нема борба помеѓу посилното и послабото, кога победникот носи нови вредности. Медицината и технологиите им дозволија на физичките слабите да имаат еднакви шанси за живот, како и силните и поотпорните. Не постои веќе географска изолација, а еволуцијата зависи од корисни мутации кои се случуваат по случаен избор, и овозможуваат опстанок, а потоа се пренесуваат на следната генерација, додека не престанат да постојат мутации и карактеристики на одредена послаби видови.

Ова исчезнување на еволуцијата може да создаде свет од слаби кои имаат моќ врз медицината и технологиите при што ги елиминираат силните кои ги немаат тие предности, и кај кои во суштина е генот за подобрување на човечкиот вид во секоја смисла. Свет неотпорен на предизвиците од природата. Да, техологиите можат да заменат многу функции на човекот, дури често тоа да го направат и подобро од луѓето но, на крајот - со тие технологии управува и ги одржува самиот човек кој, ако биде слаб и неотпорен или ќе исчезне заедно со своите технологии, или ќе стане зависен од нив до ниво кога станува нивен роб. И, потоа, историјата почнува - одново. Робот се бунтува, следат војни и уништувања, преживуваат само најсилните и како од каменото време па се до денес ќе се случува процес на опстанок се додека повторно, во некоја далечна иднина, човекот не реши - како денес - дека е заморен, и посака технологиите да раѓаат наместо него, да му служат за тој самиот да не работи ништо напорно, да стане нехуман Андроид. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари