Вечер тема

Како милијарда долари кеш од Багдад завршија кај американските војници во Ирак

 

Кога во април 2003 година американските војници првпат стапнале на земјата Багдад, локалните разбојници во голема мерка веќе ги испразниле сефовите на Централната банка на Ирак, тврдината што ги чувала државните пари.

Но, кога американските војници влегоа во Багдад, главниот трезор на Централната банка се уште не бил обиен, бандитите не успеале да го отворат. Таа ноќ во Багдад се сличил најголемиот гаребеж во историјата, од трезорот на Централната банка се украдени околу една милијарда долари во кеш! Имено, околу 4 часот наутро, во ноќта помеѓу 17 и 18 март 2003 година, еден ден пред најавениот ракетен напад врз Ирак, три камиони влегле во влезот на банката. Еден од нив ограбувачите ислегол со потпишан лист хартија од Кусај Хусеин, шеф на ирачките воени сили, син на Садам Хусеин. Во следниот момент, 910 милиони долари  и 100 милиони долари во злато биле префрлени во камионите, уредно спакувани во мали кутии. Плус, и други валути за околу 100 милиони долари.

Образложението било дека е неопходно да се извлечат толку многу пари за да не паднат во рацете на странските освојувачи.

- Откако ќе добиете наредба од Садам, нема место за прашување и размислување - изјавил за "Њујорк тајмс" подоцна еден од највисоките претставници на Централната банка, пишува американскиот портал "Ози".

Сепак, и покрај напорите на Садам Хусеин да ги сочува, ирачките пари на крајот завршија - во странски раце.

Парите испратени во Кувајт

Кога Американците влегоа во Багдад и дознаа дека една милијарда долари, или околу четвртина од готовинските резерви на државата, исчезнале од Централната банка на Ирак започнала општа потрага по парите. Најголемиот страв на Пентагон бил дека со тие пари привразниците на Садам  ќе се финансираат војна против Америка. Сепак, и нивните проценки за износот на скриени пари, а и за протокот на парите се покажале како неточни бидејќи во вилата на другиот на син на Садам, Удај Хусеин, пронашле околу 650 милиони долари во кеш пари.

Американците во прв момет верувале дека се тоа пари кои потекнуваат од Централната банка на Ирак но, се испоставило дека се работи за лични пари на Удај Хусеин. Потрагата по милијарда долари продолжила.

Толку многу пари не можат да исчезнат без трага, а наскоро бил откриен дел од нив, неколку стотици милиони долари во една од палатите на Садам. Парите биле пакувани во алуминиумски сандаци, и во секој имало четири милиони долари во банкноти од по 100 долари.

Американците тајно ги испратиле парите во Кувајт, каде што требало да бидат евидентирани и чувани но, приказната оттука добива неочекуван пресврт.

- Официјалниот Вашингтон, поточно заменик-државниот секретар за меѓународни односи Џон Тејлор, побарал тие пари по евидентирањето во Кувајт да бидат вратени во Централната банка на Ирак, но... американските војници во Ирак имале поинакви планови - одлучиле тие неколку стотици милиони долари и златото кое е запленето да го поделат меѓу себе како воен плен. Малку по малку, парите на Садам почнале да исчезнуваат, и често завршувале во кабинетите и ранците на американските војници - вели Џејмс Рајзен, автор на книгата "Плати било која цена".

Рајзен тврди дека, во суштина, тие пари на Садам Хусеин од по 100 долари завршиле во САД, и тоа така што војниците ги испраќале парите на своите сопрузи и девојки.

Повеќе од 440.000 долари беа откриени на сметките на американскиот армиски мајор Ричард Фулер, морнар кој бил задолжен за броење на парите во Фалуџа. Капетанот на американската армија Мајкл Нигуен, примил повеќе од 700.000 долари за време на својот мандат во провинцијата Анбар. Кога се вратил во САД ги трошел на недвижнини и возел скап БМВ, пишува "Њујорк тајмс".

Според податоците објавени од јавноста, вкупно 35 американски војници биле осудени за слична кражба помеѓу 2004-2008 година.

- "За жал, најголемите крадци сé уште се на слобода", изјавил Рајзен, кој вели дека повеќето од парите на Садам се уште се во општ сообраќај и не е исклучено дека тие банкноти поминала низ рацете на сите американци.

- Никој не знае прецизно колку пари и злато кои се украдени од Централната банка завршија во нечии приватни џебови, се работи за општ грабеж - вели Рајзен.

Она што не се земало веднаш, низ корупција е земено подоцна

Тод Кономон, адвокат кој служел војска при инвазијата на САД во Ирак во 2004 година и подоцна ги бранел членовите на службата обвинети за овој криминал, изјавил дека за некои војници и офицери големиот притисок на борбата која ја воделе во Ирак им ги пореметил критериумите и етиката и тука совеста "слабее и го олеснува делото на грабеж". Во такви услови објаснува Кономен, човек под тој притисок станува екстремно рационален и себичен и си вели " Па, јас го заслужувам ова ". Кономон објаснува дека " Војниците во Ирак гледаа грабежи и корупција насекаде околу нив" - вели адвокатот Тод Кономон, и самиот поранешен војник во Ирак во тоа време, повикувајќи се на лично искуство, но и на изјави од истраги кои се водени за таквите случаи.

Порталот slate.com пишува за капетанот на американската војска од Такома, Вашингтон со име Сидар Ланон, кој служел во Ирак при две распоредувања од 2004 до 2007 година. Тој прифатил подароци во вредност од десетици илјади долари за да му помогне на албанскиот сопственик на компанија наречена "Џаст ин тајм" (Позната и кај нас во Македонија по регрутирање наши војници и полицајци за работа во Ирак) за да склучи договор од 250.000 долари со американската војска, што самиот го признал и дал изјава по тужбата поднесена против него на 15.11.2007 година од страна на агент на специјалната агенција за криминална истрага на САД, Дерек Линдбом.

Тој бил фатен посоработката на Агенцијата со неговата сопруга, која доживеала брачно неверство од него по што ја принудила да живета во тројка, полигамен брак заедно со неговата љубовница и веројатно сакала да му се одмазди, прифатила да ги опише дејствијата на нејзиниот сопруг, финансиски и брачни:

Ланмон бил казнет, издржувал затворска казна од една година во федерален затвор и бил ослободен на 11 септември, 2009.

Другите шеми за измами во Ирак (Но и во Авганистан, според slate.com) се случувале организрано со колеги војници или офицери, и со целосното знаење - а понекогаш со соучество со брачниот другар на служба во армијата на САД. Капетанот на американскиот марински корпус Ерик Шмит и неговата сопруга Џенет се одлучиле за кражба и измама за време на неговото распоредување како соработник во кампот Фалуџа во Ирак во 2008 и 2009 година. Тие преку корупција собрале вкупно 1.69 милиони долари, според податоци од обвинителниот акт кои ги објавила американскиот адвокат Дороти Меклафлин  поднесени во Окружниот суд на САД за Централниот округ во Калифорнија, на 3 февруари 2011 година.

Тие биле ефикасен тим. Ерик Шмит им помагал на Ирачаните да ја искористат опремата од базата, како што се генератори и климатизери, и местеле договори за воена реконструкција на една локална фирма за што добивале поткуп во кеш.

Така, милијардата на Садам Хусеин, изнесена ноќе во камиони од Централната банка на Ирак заврши во американски раце. Најголемиот грабеж на готови пари и злато во историјата никогаш не доби финална судска завршница. Како што немаше судење ниту за скапите, практично непроценети богатства кои се вкупно вредни и повеќе од една милијарда долари на историски артефакти и метнички предмети и дела украдени од Националниот музеј на Ирак, првите денови по влезот на американската војска во Багдад.

Единствено вредно што било вратено, а украдено од американските војници при инвазијата на Ирак, била скапата шаховска гарнитура на Садам Хусеин изработена од злато и драги камења. Откако беше пронајдена, американските власти и официјлано и ја предадоа на ирачката влада.
(vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари