Вечер анализа

Европа нема да постои уште долго, а САД остануваат лидери

Американскиот истражувачки центар Stratfor, кој е еден од најголемите авторитети за политички и стратешки анализи во светот, неодамна објави предвидување на главните светски настани до 2025 година

Стратфор, смета дека наредните години ќе донесат големи промени на глобалната геополитичка и економска сцена. Главен впечаток од извештајот насловен како „Децениско предвидување 2015 – 2025 година‟ е дека идната деценија светот ќе биде поопасно место, со пад на влијанието, но не и стабилноста на САД, и со пад на моќта на Русија, додека ЕУ и некои други моќни држави ќе ги погоди период на хаос, криза и опаѓање.

Стратфорд предвидува дека САД и понатаму ќе бидат главна економска, политичка и воена сила во светот, но и дека ќе бидат многу помалку ангажирани од порано. Како што се наведува, САД внимателно ќе ги бира предизвиците на кои ќе одговара, со помалку воени ангажмани од порано и главен предизвик на воен план е Северна Кореа, како и стабилизирање на безбедносните интереси долж руската граница во Источна Европа.

САД со својот капитал и моќ и понатаму ќе има „луксуз‟ да се изолира од светските кризи, а основни причини за тоа, како што предвидува Стратфор, ќе биде моќната домашна економија, зголеменото производство на енергија, пад во извозот, како и безбедност на животот во тој најстабилен дел од светот. Внатрешните политички превирања и поместувања на центрите на моќ во САД по стапувањето на власт на Доналд Трамп во анализата која ја објавува Стратфор на таа тема за 2017/2018 година нема битно да ги сменат базните, централни политички и енергетски стратегии на САД, но можат да придонесат за промени во Европа и Блискиот исток кои промените ќе ги чувствуваат зависно од тоа кој политички центар во САД ја зајакнал или ослабнал својата позиција во американската политика, мислејќи притоа на балансот помеѓу военотехничката индустрија, финансовиот, научнотехничкиот и енрегетски сектор и интересите на безбедносните структури на САД во земјата и надвор. Секоја од наброените страни има во некој дел различни интереси и пристапи кон надворешната политика на САД, а особено како и каде таа се спроевдува. 

Кога станува збор за Русија, предвидувањата на Стратфор се многу помалку оптимистички. - „Нема да дојде до востание против власта во Москва, но се помалата моќ на Москва да ја одржува и контролира Руската Федерација ќе доведе до вакуум. Тоа што ќе остане по вакуумот се само некои делови на Руската Федерација‟ ­се наведува во извештајот. Санкции, пад на цената на нафтата, пад на рубљата, како и внатрешни тензии ќе ја ослабат моќта на централната власт над најголемата држава на светот, предвидува американскиот истражувачки центар Стратфор со седиште во Тексас.

- „Русија нема официјално да се распадне на повеќе држави, но власта во Москва би можела да ослаби до таа мерка што Русија ќе стане сојуз на полу­автономни региони, кои дури нема добро да се согласуваат меѓусебно‟. Меѓутоа, две години по оваа анализа, по настаните на Блискиот исток каде Русија презема иницијатива на штета на САД и привлекување на Турција, Ирак и Иран како свои блиски сојузници, во предвидувањата на Стратфор за 2017/2018 се наведува дека Русија успева да остане на нозе и по санкциите, и да го шири своето влијание но, таа нема моќ да отиде понатаму од регионална воена и политичка сила со ограничени ресурси.

Од друга страна, пишува Стратфор, руската нуклеарна инфраструктура е раширена на огромен географски простор, и ако наведената дезинтеграција на Русија се оствари, тоа би значело дека оружјето ќе биде изложено, надвор од силна централна контрола и достапно за злонамерни групи.

Токму ова, според Стратфор, е најголема потенцијална криза во идната деценија. Поради тоа и САД ќе мора да најдат начин да реагираат на тоа, макар тоа значело и праќање на копнени сили за да се обезбеди руското оружје кое би се нашло надвор од контрола, потенцира Стратфор.

- „Вашингтон е единствена воена сила способна да направи нешто по прашањето на овој проблем, но нема да биде во состојба да ја преземе контролата над огромниот број на локации, како ни да пружи гаранција дека во текот на овој процес ниту една ракета нема да биде испалена. САД ќе бидат пред избор – или да обезбедат воено решение какво во овој момент тешко може и да се замисли, па потоа да ја прифатат и можноста за неконтролирано лансирање на ракети, или да создадат стабилна и економски одржлива влада во регионите за кои станува збор (Евроазија), па со време да се неутрализира опасноста од ракети‟ ­ пишува во извештајот на Стратфор.

Иако во 2016, па и на почетокот на 2017, Германија се наоѓаше пред големи предизвици: внатрешно незадоволство и турболенции заради приемот на над еден милион бегалци, штети за бизнис заедницата заради санкциите кон Русија која е еден од најважните германски бизнис партенри, канцеларката Меркел успеа д ја задржи ситуацијата под контрола, да ги смири тензиите и во септември по четври пат по ред да победи на изборите. Германија е повторно во мирни води.

Но, според предвидувањата на тексашкиот институт, една од водечките светски економии Германија во текот на следните години, до 2025-та, ќе западне во големи проблеми.

Германија има економија која целосно зависи од извоз, и која доживеа бум поради трговската либерализација и воведувањето на еврото, и токму поради тоа Германија е таа која најмногу ќе изгуби од се поголемата криза на еврото во постојан бран на евроскептицизам, и се поголем број држави во Европската унија кои не се задоволни од својот статус па, како Британија, се во процес на излегување од Унијата, или како во Франција каде во подем се политичките сили кои се евроскептици и најавуваат сопствено напуштање на Европската унија.

Домашната потрошувачка нема да може да го надомести падот на извозот, а не помага и најавениот пад на бројот на жителите. Резултат ќе биде стагнација каква што веќе е видена во Јапонија, наведе Стратфор.

Европската унија, каква што и е потребна на Германија, полека исчезнува. Британија најави излегување, иако тоа се уште не е сигурен и завршен процес и можни се пресврти. Источниот и западниот дел на ЕУ се соочуваат со големи економски, социјални безбедносни разлики, миграција без контрола и сето тоа оди на штета на поголемите и силни држави. Затоа, можна е внатрешна функционална поделба на Европската унија на три дела - зависно од економските, историски и културни како и социјални критериуми.

Потсетувајќи дека не така одамна, европското единство делуваше како незапирлива историска сила која ги руши и политичките и економските граници меѓу државите, Стратфор предвидува дека за 10 години сето тоа ќе делува како далечно минато. Децениската прогноза наведува на заклучокот дека ќе постојат три или дури четири Европи кои со тек на времето ќе бидат се повеќе оддалечени една од друга – Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и Британските острови како четврт дел.

И понатаму ќе мора да го делат истото соседство, но нема да бидат толку тесно поврзани како што тоа беше случај до сега. - „Можно е ЕУ да преживее во некој облик, но европските економски, политички и воени односи ќе бидат главно водени од билатерални или ограничени мултилатерални партнерства кои ќе бидат со помал обем и необврзувачки‟ ­се наведува во извештајот на Стратфор.

Она што е најголема тајна за сите, па и за Стартфор во нивните анализи, е Кина. Русија гради со Кина стартешко севкупно партнерство на подолг рок, и тоа може битно да влиаје на состојбите во Русија и голем дел на Европа. Кина е фактор и во плановите на САД за зајакнување на својата контрола и улога во тој дел на светот, на потезот Кореа-Јапонија, како што и американската технолошка индустрија во најголем дел зависи од кинескиот пазар и кинеските партнери.

Но, за гледањата на Стартфор во иднината на Кина до 2025 година, и влијанието на кинескта судбина врз сите други во светот - во некоја друга прилика. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари