Вечер анализа

Дали 2018-та ќе биде позната по војната помеѓу САД и Кина

Кога тензиите почнуваат да растат и да достигнат одреден степен, првата жртва е обично трговијата. Тоа добро го знаат во Јужна Кореја, каде што последните неколку години падна трговијата со нивниот главен партнер - Кина. Пекинг на свој начин, со нежен формален притисок се справи со западниото барање за казнување Сеул поради инсталирање на заштита за противракетниот систем THAAD кој Вашингтон го постави на теренот на Јужна Кореја. Кинезите, иако тоа не им одговара, воведоа санкции со низок интензитет со кои страда бизнисот со Кореа кој има годишен промет од 250 милијарди долари.

THAAD е главното американско оружје во арсеналот на САД кое служи за соборување на интерконтиненталните балистички ракети на главните американски непријатели Кина и Русија. Американците некогаш зборуваа за заштита од ирански проектили, но никој тоа не го примаше сериозно, а најмалку Русите кои ги знаеа плановите за инсталирање на THAAD системот а тоа е нивно поставување во Полска и Романија усмерено кон Русија и потоа поставување во Јужна Кореја од каде се цели кон Кина, и кинеските балистички ракети.

Никој, па ни Русите или Кинезите, не веруваат дека противблистичките ракети THAAD се само одбрамбени туку дека, и по своите крактристики, се и офанзивно оружје лоцирно блиску до границите на Кина и Русија за дејствија врз нивната територија. Накусо, Јужна Кореја немаше многу избор во плановите на САД на нивна територија да се инсталира моќното американско оружје со кое Јужна Кореа станува предмет на воени планови и цели на Кина. По нападот од САД и корејската војна од 1950-1953 создавањето на Јужна Кореја под патронат на САД, со економска и политичка заштита и афирмција на Јужна Кореја таа земја стана еден од моќните економски тигри на далчниот исток, лидер заедно со Тајван.

Вовлекувањето на Јужна Кореја против Кина е ризик за државата и економијата кој владата во Сеул не може да го предвиди и контролира, а особено ако Кина реши да воведе санкции против Јужна Кореја. Во таков случај на Јужна Кореја и се заканува пред се економски колапс, криза за која нема алтернатива бидејќи индустриите во кои Јужна Кореја како телекомуникациите, автомобилската и електронска индустрија се токму областите во кои Кина има најголем раст па. и во мирнодопски времиња. ги потиснува од пазарот корејските гиганти и доколку во Пекинг се решат и за блокада кон Јужна Кореја економијата на државата нема светла иднина. Затоа, ако некој има интерес да нема понатамошни тензии или дури воени напади врз Северна Кореја, тоа се тие, нивните јужни сонародници.

А тензиите се пред нивната врата. Од 2010 до денес постојано има некоја нова војна на Блискиот и Далечниот исток, или околу руските граници: 2001 Авганистан, 2003 Ирак, 2011 Сирија, 2012 Либија, 2014 Украина... обидот за воен удар врз Ердоган во Турција пред година дена... и ниту една војна не завршена, и ниту една од овие држави нема формиран политички систем, а ни оддалеку немаат функционална власт и стабилна економија. Тоа за Јужна Кореја, која се наоѓа во предворјето на нова војна на Далечниот исток е застрашувачки, особено ако знае дека заради инсталирањето на американкиот систем THAAD Северна Кореја ќе биде директна цел на воените дејствија.

Армијата на САД има три, односно четири пати поголем капацитет од армиите на Русија и Кина но, случајот со Украина, а особено со Сирија, покажа дека Русите имаат нов квалитет во стратигијата и веќе не се ослонуваат само на сопствениот вооружен и армиски потенцијал туку и на локални сојузништва и воени партнерства, проактивни се во информатичката и медиумска војна, и го имаат најсилниот антиамерикански сојузник - Кина. Кина и Русија во сојуз се најсилен воен потенцијал во светот сметаат генералите од САД чии изјави годинава имавме прилика да ги видиме многу пати.

Кина е лидер на евроазискиот сојуз и идниот евроазиски пазар кој, со ЕУ и Русија, е предизвик за кинеската економија која бара и наоѓа свое место на тој пазар од 500 милиони луѓе, во најголм дел стабилни и богати држави со висока платежна моќ. Магазинот Форбс оди чекор понатаму, па на 21 октомври 2016 објави анализа според која евроазискиот пазар на кој аткуваат Кина и Русија, а во кој освен ЕУ и Русија влегуваат и другите азиски држави како Индија и Турција, е најголем пазар во светот. Според Форбс, во тој пазар се 70% од светската популација, 75% од резервите на гас и нафта и 70% од светскиот бруто домашн производ. Во периодот од 2012 до 2017 година Кина има економски раст со стапка од 7,3 проценти годишно, и тоа е најголем раст во однос на сите други моќни држави во светот, зад неа е Индија со 6,9 проценти а останатите се далеку зад Кина.

Американките и британски медиуми на големо веќе калкулираат со последиците и ефектот на можна идна војна на САД со Кина и/или Русија. Тоа е толку често што се добива впечаток дека ја подготвуваат јавноста за тие настани но, во калкулациите, многу експерти предупредуваат дека САД не можат да ја добијат војната со Кина. Дека, напротив, ќе ја загубат и воено и економски.

А војните се водат заради пари и - со пари. Кина за своја заштита од војната со САД ја има Русија, а Русија ја има - Кина, и тој сујуз кога е загрозен од Вашингтон е нераскинлив. Сега на сојузот му се приближува и Турција која има свои енергетски и стартешки интереси кои во голем дел се спротивни на стратегиите и интересите на НАТО, а блиску е и Индија која е веќе во сујуз со Кина и Русија преку партнерството во БРИКС. Сојузниците на САД на далечниот исток: Јапонија, Тајван и Јужна Кореја немаат значителен воен потенцијал во однос на Русија и Кина а, патем, се директно зависни од кинеската воља, економија и однесување.

Кина се подготвува за војна. Лоа Анџелес Тајмс на 8 август 2017 напиша: "Светот не е мирен", рече кинескиот претседател Кси Џианпинг предупредува: "Ни треба сега, повеќе од било кој период во историјата, да се изгради силна народна војска". Имено, во вежбите на кинеската армија имаше кинески сили кои се соочуваат против "сината сила", а според моделите на командната структура, технологијата, оружјето и тактиката видно е дека противник е армијата на САД.

Како што вели секретарот за одбрана, Џејмс М. Матис, Северна Кореја е "јасна и сегашна" закана. Настаните таму может да ги вовлечат САД и Кина во голема војна која тие не ја сакат. Особено во контекст на познатата вистина, таканаречената стапицата на Тукидид - Опасната динамика на тензии кога растечката моќ на учесниците се заканува да ја надмине владејачката моќ - откако ќе се активираат воените машини, недоразбирањата и енергијата на плебсот би можеле да ги земат работите во свои раце, и да не однесат во војна.

Ова го пишува професорот Грахам Елисон од Харвард Кенеди центарот зе меѓународна политика, автор на студијата "Може ли Америка и Кина да ја избегнат стапицата на Тукидид? ". Професорот, како и голем дел од американските експерти, се убедени дека САД не можат да ја добијат војната против Кина, особено што Кинезите се во сојуз и со Русија.

Но, војната има своја логика која е речиси секогаш различна од експертската јавност, и водена е од интересите на економијата и профитот. Можеби токму затоа се уште немаме јавно искажан став за предизвиците и ризикот на кинско-американска војна од страна на првите десет најмоќни компании, од американските банки, воената индустрија и најмоќните газди во САД. Тие, досега мудро молчат. Дали нивното молчење нешто значи?                                                                                     (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари