Вечер анализа

Америкаците сметаат дека овие Руси не се одлучни - како оние од битката за Сталинград

Странците, особено Европјаните, имаат различни спомени за Русите. Некои се негативни и карикатурални, како што е претпоставката дека сите Руси се сунѓери кои пијат вотка. Други пак се позитивни, од историјата која дала стотици врвни руски научници, лекари, уметници... па се до вкоренетата одлучност Русите да ја бранат татковината по секоја цена.

Ова е сликата која постојано се повторува, и во Русија и во странство, која дури има и степен на спротиставување во светот на политичарите и експертите. На пример, постои цела школа на размислување која вели дека санкциите, дури и оние кои се проширени низ цели сектори и кои во целост ќе ја погодат економијата, се јалови затоа што кога притисокот ќе започне, закоравените „мужики" секогаш ќе возвратат со обединување. За одбрана на татковината, тврдат овие познавачи, обичните Руси имаат силна воља да ја дадат секоја потребна жртва, за да победат и надвладеат. А санкциите се добар повод да се покаже таа одлучност.

Но, никој не може да биде сигурен дека секогаш е така. Не е секогаш, но кога се појавиле големи предизвици, така било. Дефинитивно, конечната анализа на Втората светска војна покажува дека таа беше решена - добиена за сојузниците а загубена за Германија токму - на Источниот фронт. Никој не може да и го одземе тој триумф на Русија - и да не заборавиме, и од Украина, Молдавија, од Казахстан и од сите други советски републики чии народи исто се бореа фанатично и без задршка, гладуваа и гинеа за да ги победат нацистите. И, иако изгледаше невозможно, успејаа во тоа. Успеваа многу пати, од битките против Наполеон, битката за Сталинград па се до ослободувањето на Берлин од нацистите.

Но, дали таа одлучност покажана пред се во клучната битка за Сталинград, може да ја покаже и оваа генерација во случајов предизвикана од притисокот и најавените санкции и блокади од Брисел и Вашингтон. Споредбата со енергијата видена за Сталинград до санкциите денес е сериозен предизвик, и заради многу причини не верувам дека денешните Руси ќе имаат желба, и се способни да се мобилизираат за спротиставување на некаква идна, економска војна.

Прво, денешните Руси се поинакви. Тие се навикнати на потрошувачкото општество, конзумеризам и удобност во споредба со генерацијата на нивните дедовци. Исто онолку колку што денешните Руси се многу помалку спремни да прифатат човечки жртви во војна - првата Чеченска војна предизвика огромен јавен отпор и гнев, иако околу шест илјади загинати или исчезнати руски војници се помалку од бројот на жртви кои гинеа за само недела дена при опасадата на Сталинград - па исто така ќе бидат помалку толерантни во врска со економската цена која треба да се плати при нова економска војна.

Ова е генерација која се навикна на комоцијата од увезени апарати за домаќинство, на пакет туристичките аражманите во Турција и Египет, и на шансата да ги школуваат децата во странство. Покрај тоа, Русите ова го гледаат како нивен нов социјален договор: Кремљ нека ја води земјата, олигарсите и бирократите нека си го живеат нивнот елитистички живот со привилегии и корупција, а животите на обичните Руси нека биде мирен и сталожен, и нека се има шанса да биде подобро.

Се разбира, ова не значи дека Русите се предале однапред и дека нема да бидат спремни да принесуваат жртви во име на спасувањето на нацијата, но тоа не воведува во втората клучна дистинкција. Денешната закана е сосема поинаква. Втората светска војна - Големата патриотска војна - беше оригинална егзистенцијална битка за прежувување, не само на Советскиот Сојуз, па дури ни Русија, туку и на Словените кои се соочуваа со можно ропство во најдобар случај, и целосно истребување во најлош.

Што и да мислат злобните пропагандисти - и што и да кажат гласните бранители на Кремљ на западот - целта на санкциите не се да ја урнат Русија, или да ја претворат во сиромашна парохија. Обратно, нивна цел е спротивставување на империјалистичката авантура во Украина, или уште подиректно, да се спречи понатамошната хегемониска агресија кон соседите, било каде долж руските граници. Полесно е да се проповеда патриотизам кога ја слушате бучавата на непријателското оружје, и кога сите се соочуваат со заедничка закана, а таа закана за Русија сега ја нема. Со оглед на тоа, никој може да очекува руските богаташи и моќници да се откажат од својот животен стил и врски со богатиот Запад.

На крајот, треба да го признаеме клучниот проблем од сталинистичкото размислување. Тогаш, во битките за Сталинград, имаше и поникви мотиви - крвавиот отпор на советскиот народ беше делумно производ на крватата одлучност на сталинистичката машина за убивање. Исто како што британскте митологии за војната се засноваат на „светлиот дух" на просветување на останатите кои ја трпеа британската воена сила, иако од друга страна историјата документирала многу случаи за пљачкосувања, профитерства и дефетизам. Исто така се одвива и руската приказна, каде сталинистичкиот режим применуваше секакви методи и тактики кои им беа на располагање, за да ги натера луѓето да се борат без оглед на цената.

Затоа, заради таа силно контролирана машина од Сталин, во Сталинград се создаде битка на жртви по секоја цена. Жените и децата не беа евакуирани од Сталинград за да ги мотивираат бранителите на градот да се борат без задршка. Батаљони со затвореници кои беа доведени од гулазите беа фрлени во битката пред митралеските батаљони на тајната полиција НКВД зад нив, за да го спречат секој оној кој ќе одбие да се бори. Познатата наредба број 227. позната и како „Еден чекор назад", беше закана за командантите кои ќе се двоумат или повлечат со воен суд, или егзекуција на боено поле, или за нивно депортирање во казнени батаљони. Понекогаш, луѓето ја браната својата земја не затоа што не се плашат од своите непријатели, туку затоа што уште повеќе се плашат од нивната власт.

Претседателот Владимир Путин сепак не е Сталин. Да се пикне во затвор секој оној кој издава тајни, да се затвори некоја критичката телевизија, да се спинуваат вести додека истите не почнат позитивно да се прифаќаат? Се разбира, тоа го има и сега. Но ова не е режим кој може, или сака, да користи методи кој беа вообичаени во морничавите затвори на народите од времето на Сталин.

Историјата понекогаш е една од најдобрите алатки кои ги имаме за предвидување на иднината, но мораме внимателно да ја користиме затоа што може погрешно да не заведе. Не знам дали делумните санкции ќе функционираат со подривање на подршката за Кремљ, а оттука и во поткрепа за промени во политиката. Многу зависи од тоа колку Европа е спремна да плати за таа акција, и со колкава економска цена Европа сака да страда во име на санкциите, како и тоа како Русите ќе се снајдат во тој предизвик.

Кремљ веројатно е убеден дека санкциите ќе бидат подносливи, и краткотрајни. По се досега видено, во минатото, западот не беше способен да го контролира својот бес повеќе од неколку месеци, и прашање е дали сега ќе биде поинаку веќе од следната есен. Ќе издржи ли, или ќе се распадне западната одлучност за остар блок против Москва. Но додека се обидуваме да го измериме идниот морал и спремност за отпор иборба на рускиот народ во целина, сигурен сум дека не можеме да пронајдеме многу сличности со руското однесување сега, и она за време на Патриотската војна, и битката за Сталинград. Ова се други времиња, со поинкави луѓе..

Марк Галеоти, професор по глобални прашања на Универзитетот Њујорк. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари