ПОНЕДЕЛНИЧКИ

Сомнително

Штета што не сме од англиското говорно подрачје. Шемите околу нашиве избори би ги ставиле во сенка и американските. Да зборевме англиски и светот ќе можеше да ужива во ријалити шоу на полициско-подземната политика за олигархот З. Заев.

Заев во петокот изјави: Не коалицираме ниту соработуваме со лица кои се осомничени и осудени... тоа го кажува човек кој е амнестиран, и тоа од својот партиски шеф Црвенковски, за криминал од 8 милиони евра. Патем фатен и снимен со судски ПИМ-мерки како бара мито од 200.000 евра, плус е обвинето лице во трет процес.
Го молам Заев да каже на која дрога е, што дува пред вака да збори.
И така надуван, и по изјавата, оди да се види со своите соработници: обвинето лице Зоран Верушевски, осудено лице Слободан Богоевски, да поразговара за коалација после изборите со својот традиционален коалиционен соработник, осудено лице Љубе Бошковски додека на масата за преговори седи и Радмила Шекеринска, автор на многу прогони, на чело со мене, чиј сопруг е исто така лице со обвинение.
Логистика на СДСМ и амнестираното и обвинето лице Зоран Заев се: управникот на партиската фабрика за афери Заќир Беќири Чауш и неговиот тим. Во тимот се и групата од Серава која ја видовме во местенката со Диме Спасов, заедно со осумтемина кои тепаа полицајци на демонстрациите пред влада и заработија кривични и притвор. Јако друштво.
Грбот ќе им го чува нивниот шеф на партискиот дел од Алфите, боксерот Примислав Димовски кој, исто така, е под кривична пријава.
Кога ќе се врати во Струмица, Заев го чекаат петтемина негови криминални соработници кои беа обвинети, а потоа амнестирани заедно со него од Црвенковски, плус Бранко Палифров обвинет за "Пуч#, како и неговиот телохранител Александар Трајков од село Градашорци, правослилно осуден на затворска казна во 2008 по член 297 од КЗ.
Работа на време е кога со обвинение ќе се соочи и Петре Шилегов. Оној што сам пишува во својот имотен лист дека има уметнички слики во вредност од 200.000 евра, а плата од само 1.000 евра месечно. Патем, куќа и три стана и неколку скапи коли. Човек кој ќе потроши 200.000 евра за уметнички слики има барем десет пати по толку под јастук.
А се што Петре Шилегов успеал во животот се сведува на неговиот мандат да ја води комисијата за јавни набавки. За него прилично доходовна функција, очигледно.
И тоа не се сите. Списокот е уште три пати повеќе од ова, но просторот за пишување е ограничен, па ќе запреме тука. Кога добро ќе погледнеш, Заев соработува и моќта во партијата ја одржува со куп компромитирани полицајци и криминалци околу себе. И, ако се држи до сопствениот збор, да поништи соработка и комуникација со осомничени, обвинети или осудени - човекот ќе остане сосема сам!
На крај, како осомничен, обвинет и амнестиран, ќе мора да се поништи сам себе.
Во кругот на ликовите од текстот погоре се уште не и Бранко Црвенковски. По барање на Заев и "чадорот#, за да не му го ремети владеењето на Заев во СДСМ, СЈО има отворено папка и за Црвенковски за случајот "Надеж" кој, за секој случај, се чува во фиока. Не се турка ниту затвора, мирува до наредниот март и локалните избори кои за Заев се најважни и пресудни. Струмица има буџет од 20 милиони евра, па сега вие пресметајте колку од тоа му следува на Заев и Вицето... плус, под заштита се на "чадорот" и СЈО.
Црвенковски мора, за да се заштити себе, да прифати Заев да го шета наоколу по партиски конгреси како мечка Божана, да заработи милост од Заев и од СЈО.
Е, тоа е друштвото кое сака да има власт, и особено буџет, во Македонија.
Тие се сомнителни топтан, како очигледен доказ без потреба од понатамошно докажување. Тоа што, се уште, не се топтан и осудени е времена милост од "чадорот".
Но, постојат и други сомневања и несомнености.
Несомнено е дека ако Заев се добере до државен буџет од скоро три милијарди евра Вице ќе биде неформален гувернер и чувар на државниот трезор. А како после ќе оди работата се знае од видеото: едно за мене, едно за Вицето...
Ниту улици, ни болници, ни градинки ни театри, ни стадиони ни субвенции, стипендии, пензии или зголемени плати за администрација ќе се видат.
Струмица има поголем буџет од скопските општини Карпош и Аеродром, споредете ги, и видете ја на што личи Струмица: мафијашка паланка на една нати-дајми Фамилија која за време додека СДСМ е во опозиција свртела 220 милиони евра преку своите фирми. И тоа се званични податоци од УЈП, а каде се другите што завршиле рачно, кај Вице.
Погледнете ги Фејсбук профилите на Фамилијата Заеви: возење по јахти, куќа во Грција, деца со костими за бањање Мошино кои коштаат од 500-700 евра еден пар, слики од Црвениот плоштад во Москва со гардероби кои не се под 10.000 евра по човек, дури и Шекеринска да им позавиди... возен парк на Фамилијата струмичка со поршеа, аудија осмици, бентлија... возен парк на Фамилијата од најмалку милион евра.
Сето тоа со контрола на Зоран Заев врз 20 милиони евра годишен струмички буџет. Замислете како Фамилијата Заеви би изгледала со буџет од три милијарди евра.
Можат медиумските касапи на СДСМ и Сорос да пишуваат и монтираат што сакаат но, факти си се факти. А, според тие факти, Груевски веќе десет години живее во сопствен стан и одбива да се всели во премиерската вила на Водно. Заев и Груевски се два света.
Несомнено е и дека СДСМ соработува со подземјето и криминалците во своите партиски цели, особено пред избори. Не е тоа само фабриката за фалсификати на Чауш. Не се тоа само ни првите редови на насилниците кои тепаа врз полицајците при демонстрациите пред влада. Не е тоа само ни соработката со подземјето за организиран прогон и насилство врз заемник-министерот Диме Спасов... има многу повеќе од тоа.
Голем дел откри ексминстерот за внатрешни Митко Чавков. Тој рече дека, откако СДСМ времено го земал Министерството за внатрешни, Оливер Спасовски внел во полицијата 140 лица, голем дел со сомнителна биографија и криминални досијеа, им дал оружје и тие се под негова партиска контрола за предизвикување инциденти за избори, а особено - по изборите во декември. Запаметете го ова.
Но, и тоа не е се. Подземната политика има на лагер и пострашни методи.
Во кампот на СДСМ собрани се куп сомнителни, корумпирани полициски функционери: Љубомир Фрчкоски (екс министер во МВР), Павле Трајанов (поранешен шеф на полицијата во време на СДСМ и министер во МВР), Слободан Богоевски (поранешен шеф на Државна безбедност во време на СДСМ), Љубе Бошковски (поранешен министер во МВР) против кого се води постапка за учество во убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев, а за убиството на Орце Коруновски не би ни зборел, во оваа прилика барем.
Ова е друштво на матни ликови со мрачна биографија. Полициска и подземна.
Зад нив стојат прислушувања, неоткриени политички убиства и атентати, претепувања политички противници, упади во станови, изборни местенки, незаконски следења, корупција, илегална трговија со дрога под заштита на полицијата...
Заев и ова полициско-подземно и криминално друштво се природни партнери.
Она што е можно и видено веќе од нив е и соработка со криминалци за насилства, кражби и убиства, што е дел од нивната биографија. Пример: Тони Кечев од Гевгелија.
Праксата на ова полициско-подземно друштво околу Заев ја продолжува Оливер Спасовски, актуелен министер во МВР. Неговата подземна организација за прогон и насилство врз Диме Спасов го носи тој потпис. До денес не објасни зошто тортурата врз Диме Спасов ја вршеле, освен познатите подземни ликови, и полицајци во цивил од ПС Карпош кои се под контрола на негов човек што ја води скопската полиција.
Свесни ли се, и јасно ли им е на Катица Јанева и СЈО со кого соработуваат, и за кого одработуваат, без оглед на нивните обврски кон СДСМ на што Заев постојано ги потсетува.
Малку ли им е случајот на неутврденото самоубиство на Крпач, и упадите во стан, трауми и претреси на лице кое според СЈО е само сведок, а не осомничен или обвинет.
СДСМ и Заев ги кријат нивните телефонски разговори и корупцијата, а остатокот го користат за рекет и политички притисоци со монтирани приватни телефонски разговори.
СЈО и Катица Јанева, по иницијатива на Заев и СДСМ, а со покровителство на "чадорот", селективно и партиски гонат над 100 луѓе. За споредба, во Германија или Турција тоа би биле околу 4.000 прогонети. За СДСМ и СЈО, Ердоган е софистициран демократ.
Зоран Заев е повеќе од сомителен. Тој е политичка мафија. А откако во кампот на СДСМ се здружија Заев, Павле Трајанов, Слободан Богоевски, Љубе Бошковски... и цел ферман лица од подезмјето, веќе нема сомневања. Јасно е и кои се, и зошто се тука.
Се ќе се расчисти со поразот на таа политика на 11 декември. Не е тоа потребно заради ВМРО, туку затоа што ние имаме потреба од расчистување со тој мрак.

Поврзани

Најнови вести

Коментари