Вечер анализа

Со НАТО во Авганистан опиумот се произведува двојно

Пред речиси 15 години САД започна воена интервенција во Авганистан, која ја одобри меѓународната заедница поради информацијата дека таму се кријат виновниците за терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.

Авганистан тогаш веќе беше во криза и безредие. Почетокот на нивниата криза е далку пред тоа, дури и пред советската интервенција во 1979 година. САД и силите под закрила на ОН кои извршија инвазија во Авганистан почнаа борба против талибанците, и тогаш присутните терористички групи на Ал-Каеда. Во борбена смисла имаше успеси на тој план, бидејќи Ал-Каеда почна да ја губи организацијата и моќта. Дел од талибанците ја сменија страната, и почнаа да соработуваат со власта што придонесе за намалување од опасноста персонифицирана во Осама Бин Ладен, но проблемите во Авганистан не се решаваа, напротив.

Се зголеми за повеќе од двојно производството на афион и опиум кои, традиционално, во Авганистан се произведуваат и транспортираат кон Европа, Русија и САД. Се зголеми до толку што за прв пат во историјата понудата на опиум беше поголема од светската побарувачка.

Според репортажата на Би-Би-Си од април 2013 година во Авганистан, по влегувањето на САД и НАТО, се произведува околу 90 проценти од вкупно произведениот опиум и морфиум во светот. Јужните покраини на Авганистан - Кандахар, Кундуз и Хелман живеат само од тоа. Околу 7.000 тони опиум и 3.000 тони хашиш произведуваат Авганистанците на околу 15.000 хектари, слободно и организрано како да се работи за било кој друг земјоделски производ.

Вербално, авганстанските власти и НАТО велат дека тоа не е во ред, и дека ќе се преземат мерки но, практично, производството на дрога постојано се зголемува. Кога дрогата од Авганистан ќе ја мине границата, и ќе се најде на пазарот во Европа, САД... годишната заработка на посредниците е над 50 милијарди долари, а според проценките на Обедиентите нации годишниот промет на хашиш, морфиум и опим и нивните деривати во светот - е околу 500 милијарди долари. Трет најголем бизнис по нафтата и трговијата со оружје.

Дел од дрогата патува преку Турција и Балканот. Според изјава на Јури Федотов, генералниот директор на канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и наркотици (UNDOC) дадена во Виена во март 2014 година, околу 60 тони авганистански херион, вреден 13 милијарди долари, влегува во Европа преку балканските држави.

Така е на југот. Многу американски аналитичари како Мајкл Чосудовски, со години, тврдат дека дрогата се произведува, и прометот рапидно расте, со поддршка на амриканските воени едници во Авганистан затоа што САД го контролира производството и продажбата, преку тоа и Талибаните но, од тие пари се плаќаат и трошоците за престој на армијата во Авганистан сите овие години.

На самиот на НАТО во Будимпешта, во 2008 година, донесена е одлука за борба против трговијата со дрога во Авганистан. Но, одлуката не наложува уништување на полињата и собирање на опиум туку само уништување на лабораториите за доработка. Ако добро се погледне логиката на овој став, лесно може да се заклучи дека опум и хашиш може да се произведува и извезува како ефтин производ, но не смее да се доработува туку тој најприфитен дел од процесот на производство му е оставен на некој друг.

Воените трупи на НАТО во Авганистан International Security Assistance Force (ISAF) се стационирани подалеку од полињата и лабораториите за опим и морфиум, тие се претежно на северозападот и југоистокот на Авганистан, таму каде што се простира новиот, важен коридор и нафтоводот од централна Азија кон Индискиот океан. Тоа е пат, траса од витален американски интерес заради што САД со години преговарале со поранешните авганистански влади, но без успех. Југот на Авганистан, блиску до полињата на афион и меѓународната одговорност за контрола на полињата, им е оставен на Канада, Британија и Германија, со делумно присуство на американската војска. Повеќе пати досега се слушнало дека уништувањето на полињата со афион би предизвикало бунт на населението против НАТО.

Влезот на НАТО во Авганистан ги смени работите. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи беше избран од страна на САД за таа функција на 22 декември 2001 година, по лобирање на нафтната компанија Union Oil Company of California (UNOCAL), а првата политичка одлука на Карзаи по изборот беше согласноста за изградба на нафтовод, транс-авганистанскиот коридор од централна Азија до Пакистан. Со ова САД постигна стратешка предност во транспортот на нафта кој се обезбедува надвор од контролата на Русија и Иран.

Сосема логично, првите воени акции на САД и НАТО се во западниот дел на Авганистан, со што се обезбедува нафтниот коридор. Се друго, следи потоа.

А потоа кризата во Авганистан падна во сенка на војната во Ирак, по американско-британската воена интервенција, па интересот за Авганистан спласна. Во Ирак работите одеа побрзо, дури и подобро, па Американците во 2011 година ја напуштија таа земја.

Случајно, или не, во шеесеттите САД водеше војна во Индокина. Токму во, тогаш, најголемиот центар за производство на дрога, така наречениот златен триаголник - Лаос, Бурма, Тајланд.

Авганистан не е веќе вест за насловните страни. Падна во втор план, а таму течат сериозни процеси. Кон крајот на оваа година земјата треба да ја напуштат американските и меѓународните сили, но и понатаму не е јасно дали ќе останат одреден број воени трупи, советници кои би ја продолжиле обуката на авганистанските сили, сметајќи на тоа дека претседателот Хамид Карзаи одби да го потпише договорот со кој би се регулирало останувањето на странците.

По овој став Карзаи, од позитивец на почетокот, стана корумпиран негативец кој работи на сите начини да ја задржи власта по секоја цена, а изборите го чекаат на пролет. Одеднаш, се појави опозиција на Карзаи која бара преодна влада пред следните избори, а не се исклучува и воен удар.

За да останат војниците во Авганистан неопходна е причина. Талибанците, наводно уништени и разбиени, неодамна со 700 борци извршија напад во близина на Кабул, што е сфатено како сериозно предупредување и загрозување на безбеднста, а тоа значи причина за странска војска во Авганистан и во иднина. Не беше американскиот државен секретар Кери во Кабул без план. Работите се враќаат на почеток. Афионот и опиумот ги има се повеќе, а нафтниот коридор е добро обезбеден и никој не го напаѓа. Зошто да се менува сето тоа ако не мора. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари