Понеделнички

Не



Ќе излезе ли Македонија од оваа криза. Да. Секако дека ќе излезе но, дали по излезот ќе биде оваа Македонија, или нешто сосема друго и безлично... тоа ќе видиме.
Собранието е распуштено. Петре Шилегов жали поради ова, ако не за друго нема евтино пиење како досега. Другите од неговата партија нема потреба да жалат, и онака никој не ги памти дека воопшто биле пратеници. Земаа милион евра додека не доаѓаа на работа, поради бојкот – нормално, и сега се на раат, чекаат апанажа.
А на СДСМ и Заев малку им фали за да дојдат на власт. Само 200.000 гласачи кои би се преобратиле и би гласале за нив, после се што им направија СДСМ. Особено Заев.
Арно ама, гласачите не сакаат ни да чујат за Заев.
И она што повеќе пати ме прашале некои битни странски амбасадори овде, и сегашни и двајца поранешни, е зошто јавноста и гласачите се постојано против СДСМ.
И, како да им објаснам во време кое, обично, е ограничено кога се разговара со амбасадори. Како да објаснам дека СДСМ им сменил знаме, име на држава, им затворил фабрики, им загубил војна, ги оставил без работа, не им изградил ни болници ни улици, ни школи ни градинки, им украл две пензии, земјоделците две децении ги држел на леб и вода ама, затоа, полна им била устата на сите шефови на СДСМ со зборови како демократија, слобода, еднаквост, нивно пријателство со дипломатите, пофалби за приеми во Брисел и уште некои други белосветски метрополи.
Дека рејтингот на функционерите во СДСМ се мери кој има подобри врски со амбасадори и Сорос фондации, а не кој подобро стои кај сопствените граѓани.
Не е лесно да се наброи и да се опише, тоа е колективно паметење на цела една нација.
Во тоа колективно паметење стои дека СДСМ украл од сопствените граѓани и продал за сопствени цели и потреби се што можел да допре: нивните фабрики и работни места, нивното знаме и националното име, нивните македонски општини, нивните неизградени патишта, школи, водоводи, стадиони, театри и болници кои ВМРО ги гради со буџетот од истата држава... лажењето, сплеткарењето, работа за странци... тоа е СДСМ.
Ние немаме ни граѓански сектор. Уште од посетата на Џорџ Сорос и неговиот кредит од 25 милиони, кои му ги даде на Црвенковски во втората година од неговиот мандат, продаден е цивилниот сектор на мала група узурпатори кои од таа 1993-1995 година досега меѓу себе поделија околу 110 милиони евра. Да, баш толку.
И сега, кога Заев и Шекеринска зборат (Шилегов не збори, он е паднат во депресија поради затворањето на бифето во Собрание)... кога Шекеринска и Заев зборат за корупција, тоталитаризам, сплеткарење, државна злоупотреба врз медиуми и јавност... тоа никој што памти, не го сфаќа сериозно. И, нормално, малкумина им веруваат.
Па зарем тој што го правел планот за државен преврат во Македонија, разбивање на државниот систем и институциите, федерализација и промена на име без референдум не го знаел ова? Очигледно, не го знаел.
И не можел да го знае. Амбасадорите имаат една сериозна мана, дефект во системот на собирање информации и пристапот, што нивни главни информатори се соросоидите и членови на банадата на СДСМ од типот на бивши министри и амбасадори на Се-Де-Сето па се до подземни активисти како Верушевски, Фрчкоски, Сашо Орданоски... од таа база на податоци сите информации се погрешни, профитни и полтронски.
Со еден збор, неупотребливи се.
За каков клиентилизам на медиуми зборуваат тие, демек владините реклами купувале медиумска поддршка. Парите од владините објави и кампањи се делат кај сите медиуми, па и кај опозициските. За разлика од тоа, парите од Сорос фондацијата и странските амбасади одат постојано кај еден мал, со децении ист круг луѓе и медиуми. Без тие пари тие луѓе и медиуми не постојат. Тоа не е само клиентилизам, тоа е наркозависност. Оттаму е и зборот, терминот – соросоиди. Зависници од парите на Сорос.
А тие пари се сомнителни. Невладината организација Мост, по дифолт и по пракса, дел до Сорос кланот и СДСМ кампот, се финансира од соросоидите и од странски пари, Финансиската полиција пред месец дена ги фати дека од нивни сметки се плаќани сериозни пари кон чудни држави: кон Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис, Палестина... не треба да се биде експерт за да се види дека една од клучните дипломатски и соросоидни невладини алатки е перална на пари. И тоа сериозна.
Нормално, невладината Мост не дозволила Финансиската полиција да ја доврши работата. Едноставно, им рекле дека одбиваат да соработуваат. И толку. Дипломатскиот чадор дополнително ја заташкал работата, и сега Финансиската полиција си седи мадро.
Заев одбива да соработува со суд кој му води две постапки – за барање поткуп од 200.000 евра и за уцени на државни функционери со незаконски стекнати телефонски разговори. Судот не му може ништо, дипломатскиот чадор го штити.
Заев одбива помилување, аболиција од претседателот Ѓорѓи Иванов за овие процеси, затоа што него Катица Јанева и СЈО веќе го аболицираа. А дипломатскиот чадор не забележа ништо околу тоа. Нормално е, тој е нивни. Да, нивни е - и не е наш.
Затоа Заев одбива помилување од Иванов, веќе е амнестиран од СЈО и амбасадорите. Но, зачудо, не побара укинување на аболицијата од Бранко Црвенковски кога со простувањето го честеше Заев со осум милиони евра од струмички Глобал.
Штом таков атер и труд дипломатскиот чадор врши за оваа подземна група политичари и такви невладини активисти, се поставува прашањето што тоа нивните треба да одработат против нашите.
Истото што и во оние години кога СДСМ без референдум го смени знамето и името на државата. Исто кога бараа заедничка влада со СДСМ и ни наметнаа воен пораз од УЧК, по што се сменија и Уставот и територијалната поделба. Истото што СДСМ отсекогаш го правел кога му се нуди власт преку ноќ, власт без победа на избори.
И СДСМ, особено со Заев и Шекеринска, познати трговци со туѓо, ќе го испорачаат и сега она што се бара од нив. Ќе го испорачаат ако им го дозволиме тоа. А дозволата нема да оди лесно, затоа што сега е последниот, финален круг. Ако помине грчкиот предлог за име на нацијата и државата, како и федерализацијата - Македонија не постои. А потоа, се е неважно, освен дали живеете во нашиот или нивниот дел од федерализираната Македонија, бидејќи до тоа ќе ви зависи дали и кога ќе бидете протерани од дома.
Да, федерализација е тема на овие протести и оваа криза.
Никој не го тераше на сила Заев да изјавува, и тоа неколку пати, дека ќе воведе албански јазик на цела територија на Македонија. Никој не го тераше да му праќа СМС-пораки на Мендух Тачи, барајќи соработка и нудејќи му се за секакви потреби. А му се нуди со години и на Али Ахмети, но Али Ахмети не сака федерализација, тој чека кога Македонија по сила на генетика и меѓународен фактор ќе ја земе цела. Заев нема време за чекање, па му се одмазди со трансфер на телефонски разговори од елитата на ДУИ директно во Белград, кај српските разузнавачи. Тоа се факти, а не наши тези.
Фактите ги потврди и Муса Љамалари, претставник на албанската емиграција од Лондон, кој потврди дека имал соработка со Заев на тема поддршка за федерализација на Македонија, а Заев за возврат да се добере до власт. Истото го кажа и Зијадин Села, доскорешен градоначалник на Струга и отпадник од ДПА.
СДСМ упати остра закана и протест за овие видео изјави на спомнатите кои ги објави Сител. Но, заборавија дека пред Сител изјавите ги објави нивната ТВ Телма.
Дали сега дипломатите разбираат зошто, и покрај толку вложен труд, напор, пари и дипломатска заштита акцијата за државен преврат на СДСМ и Заев не поминува.
Дали разбираат зошто нивното СЈО нема поддршка во јавноста, се додека постои и служи за прогон на една политичка опција, а не за следење закон еднаков за сите. Дека тоа не е државен орган, туку комунистички преки суд за брза пресуда на однапред таргетирана, одбрана политичка и национална група која се спротивставува на федерализацијата на Македонија и укинување на македонската нација и држава.
Сега одеднаш на амбасадорите не им чинат Груевски и ВМРО. Одеднаш. Па тие, кои знаат се и ги имаат сите наши телефонски разговори, шест години му даваа поддршка за членство во НАТО и ЕУ, го наградуваат како лидер во регионот... и сега, одеднаш...
Затоа немаат влијание соросоидите кои протестираат уништувајќи јавен имот. И тие нивни флеки во боја не треба да се бришат, треба да стојат и да вознемируваат и потсетуваат уште долго време. А кога контра нив ќе се собере народ, и тоа пет пати поброен, народот е навредуван, омаловажуван и исмеван. Сопствениот народ.
Велат, ВМРО ги собирал на јадица, им давале сендвич за да дојдат на нивните собири. Бедно. ОК дечки. Тие што вас ве водат, од Сорос и Канвас, примаат по десет илјади евра за секој протест. Да, десет илјадарчиња по протест. Тоа се отприлика дваесет илјади сендвичи секој ден. А вие ни хартијата од тие сендвичи ја немате за себе.
Па ако е за сендвичите, каде е народот да дојде за вашите сендвичи, за десет илјади евра дневно има многу сендвичи, а и да остане за прослава у кафеана потоа.
Но народ зад соросоидите, Канвас, федералистите и зад СДСМ – нема.
Вашиот народ вели – Не. Македонија не прифаќа доброволно самоубиство.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари