Вечер анализа

Моќните шефови на мафијата и политиката

Своите први големи пари од криминал ги заработил во 80-тите години кога се случува масовно иселување на Евреите од Украина и Русија во Израел. Тој, како Евреин, со голем дел од сопствениците кои се иселуваат во Израел успеал да договори добивање право да го продава нивниот недвижен имот, мебел, накит, автомобили... а дека потоа тие пари ќе им ги испрати на новите адреси во Израел. 

Мафијата, популарно име за организација со посебен вид на организиран криминал со меѓународно влијание и последици, е присутна секаде во светот. Инаку, зборот "мафија" во оваа смисла почнал да се употребува во средината на 19. век на Сицилија за криминалната организација Коза ностра (Наша работа). Во суштина, зборот мафија долго имал поинакво значење. Терминот потекнува од 9 век, уште од времето кога во Сицилија владееле Арапите, а терминот мафија Арапите го употребувале за сицилијанците - бегалци, кои се криеле во ридовите.

Коза ностра, или Мафија, најголем удар во својата историја доживеала до дваесеттите години од минатиот век, кога власт во Италија имал Мусолони. Во негово време државата спровела низа акции со кои ја разбила организацијата Коза ностра, или мафијата, и ги принудила да бегаат и емигрираат во најголем дел во Америка каде организацијата и голем дел од шефовите продолжиле со своите активности кои, потоа, под внимнаие и интерес на големата американска публика стануваат легенди и дел од субурбаната култура на САД, но и пошироко.

Шефовите на мафиите во современиот свет не се ликовите на Ал Капоне, Лаки Лучано или Маер Ленски. Локални полуписмени дилери и силеџии, кои делуваат во мали групи сместени во градовите Чикаго, Лос Анџелес или Њујорк... тоа се интерконтинентални организации кои работат во сложени банкарски системи, тргуваат со влади и моќни институции, имаат силни политички влијанија како нивните познати акции во политиките на Италија, на Балканот, во денешната Украина или Русија од времето на Елцин, во Грција, Франција, Јужна Америка...

1. Семјон Могилевич. Било кој критериум да употребите: промет на криминално заработени пари, бројност на организацијата, жртви на акциите, простор на делување... најголем мафијаш во историјата не е ниту еден Италијанец, туку - Украинец.

Семјон Могилевич, роден е 1949 година во Киев, а делува преку свои фирми и организација во Москва. Има украинско, руско, израелско и хрватско државјанство кое му го дал поранешниот хрватски престедател Фрањо Туѓман заради заслуги кои Могилевич ги имал за хравтската држава со илегално снабдување оружје за нивните потреби.

Империјата на Семјонович се простира низ целиот свет, а тој владее со најголемата руско-украинска криминална асоцијација која е позната по својата суровост и нетолерантност. И службено, амерканската ФБИ и британската разузнавачка служба МИ6 го сметаат за најмоќен криминален лидер во светот.

Почнал како ситен криминалец во Москва, каде дошол по дипломирањето во украинскиот град Лавов. Дипломирал економија, и умее да користи банкарски и бизнис системи па е одговорен за неколку финансиски измами во САД од кои, само едната - измама на градежни инвеститори во Пенсилванија, вреди над 250 милиони долари. Учествува во низа даночни измами, од кои најголема е онаа во Чешка каде неговата организација заработува околу 4 милијарди евра, а врши убиства на судии и новинари кои работеле на процесот и откривање на деталите.

Неговиот зенит и раст е најголем во времето кога Русија ја води Борис Елцин. Во работата користи банкарски системи, како нивната Инкомбанк која, по завршување на измамите во САД, кога ја користи Њујорк банката незаконски да заработи близу една милијарда долари... пропаѓа, и се затвара во средината на деведесеттите години. Своите први големи пари од криминал ги заработил во 80-тите години кога се случува масовно иселување на Евреите од Украина и Русија во Израел. Тој, како Евреин, со голем дел од сопствениците кои се иселуваат во Израел успеал да договори добивање право да го продава нивниот недвижен имот, мебел, накит, автомобили... а дека потоа тие пари ќе им ги испрати на новите адреси во Израел. Најголем дел од тие пари не дошле до сопствениците, туку Могилевич ги задржал и употребил за создавање своја криминална органзиација.

Инаку, неговата организација е лидер во криминалот со проституција, оружје, рекет, трговија со луѓе и финансиски измами, а во врвот е со трговија на хероин, криминал со радиоактивни материјали и енргенси.

Има исклучително добри врски и покривања во политиката. Негов пријател е поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лушков, како и Александар Турчинов кој беше и претседател на Украина по државниот удар во Киев, во февруари 2014 година. Во 2010 година Александар Турчинов бил дел од истрага и судска постапка заради обвинение дека уништувал докуменети од истрага против Семјон Могилевич. Вредноста на богатството со кое располага Семјон Могилевич се цени помеѓу 55-60 милијарди евра, што е на ниво со најбогатите луѓе во светот како Карлос Слим или Бил Гејтс

Во 2008 година е упасен во Москва, но во 2009 е ослободен од обвиненијата. Се наоѓа на листата топ 10 најбарани криминалци во Светот, според потерниците на ФБИ. Има три деца, и денес живее во Москва со стастус на слободен деловен човек.

2. Пабло Ескобар. Во 1989 година американскиот магазин Форбс објавува листа на десетте најбогати луѓе во светот, во тоа време. На седмо место, со богатство проценето на тогашни 25 милијарди долари, е ставен колумбискиот крал на дрогата, Пабло Ескобар. Долго го сметале за најбогат криминалец на сите времиња. Со пресметка на инфлацијата, тоа богатство на Ескобар е равно на денешното со кое располага организацијата на Семјон Могилевич, и тој лично.

Пабло Ескобар е роден 1949 година во Анитохија - во колумбиско селско семејство, каде неговиот татко бил работник, а мајката му била учителка. Селото било често напаѓано од криминалните банди, па родителите по еден таков напад во кој била запалена нивната куќа, две од своите седум деца пратиле кај роднини во блискот град Меделин - Пабло и неговиот помлад брат.

Уште во Меделин - Пабло Ескобар, со само шеснаесет години, почнува да се занимава со криминал. Краде и препродава надгробни споменици, техничка опрема, шверцува цигари... се додека нивна пратка од шест камиони не е фатена од полицијата, и тој со групата останува без пари, па од 1976 година почнуваат да произведуваат кокаин, како брз начин на заработка.

Пабло Ескобар отсекогаш имал политички амбиции. Во Меделин се запишал на политички науки, но студиите не ги довршил. Долго во јавноста повторувал една изјава дека негова крајна амбиција е да биде богат, и да стане претседател на Колумбија.

Ескобар набрзо успева да го raзвие бизнисот со кокаин кој во најголем дел го извезува со авиони во САД. Имал 15 свои авиони, а кога во бизност се вклучиле Карлос Лехдер и колумбиските браќа Очоа, купиле остров на Бахами, близу САД, каде имале и свој мал аеродром за транспорт на кокаинот. Благодарение на добрите врски и корупција на американските судии и политичари, трговијата со кокаин во САД била во најголем дел негова, и поминувала без казни.

Во 1982 година се кандидирал за конгресмен, и ја го добил мандатот по што сакал да остави впечаток и добие поддршка, па од своите пари плаќал здравствена заштита за сиромашните, и им градел монтажни куќи. Во тој дел од населението во Меделин бил почитуван и доживуван како Робин Худ.

Но, за политичките противници и нивните поддржувачи тој останал нарко дилер. Во политичката борба докажал дека потекнува од криминалот, и кога во 1984 година naредил убиство на политичкиот противник Лара Боњила, полицијата почнала да го гони. Ескобар со хеликоптери избегал од Колумбија, заедно со целото свое семејство, и живеел во Панама и Никарагва. Колумбија носи закон со кој нарко дилерите од таа земја можат да бидат испорачувани во САД, по што Ескобар почнува војна со колумбиската влада. Дава пари за акции на герилците, и во такви акции се вршат убиства на судии и политичари во Богота и други градови. Плаќал награда за убиство на секој колумбиски полицаец, па за две години само во Меделин се убиени 700 локални полицајци. Убиени се четири од шест кандидати за претседател на Колумбија кои ветувале уништување на нарко картелот Ескобар.

Во 1991 година владата на Колумбија го признава поразот. Го менува законот за екстрадиција на Колумбијци на САД, а Ескобар прифаќа казна од седум години кои би ги издржувал во затвор што самиот тој за себе ќе го изгради, како што и се случило. Во затворот, дворец на 4 хектари со водопад, петанесетина пријатели, телефонска линија... не издржал долго, откако разбрал дека владата на Колумбија сака повторно да го врати законот за испорака на криминалци од Колумбија во САД. Во 1993 година Ескобар бега од тој затвор, а по него се организира потрага. Од САД е пратена специјална полициска единица која, зедно со колумбиската полиција и конкурентскиот нарко картел Кали, го гони Ескобар и го ликвидира додека тој со неколку свои соработници бега преку крововите на Меделин. По ова, конкурентскиот Кали нарко картел убива над 300 членови на семејството Ескобар и негови соработници. За да запре оваа одмазда, неговите браќа прифаќаат да изјават дека Ескобар се самоубил, а не дека е ликвидиран од американските полицајци или Кали нарко картелот. Трговијата со дрога, кокаин од Колумбија, продолжува.

Останува познато и документирано дека Ескобар својот успех и одржување на врвот го должи на ЦИА, затоа што бил извор на тајни пари со кои ЦИА ги финансирала војните во Никарагва и Панама против левичарските герилци. Во оној момент кога Ескобар добива политички амбиции, убива колумбиски политички противници кои исто така сорабитувале со САД и финансира колумбиски герилци против владата... тој станува цел на американките полициски истраги.

ЦИА ги признала своите врски и соработка со овие картели во конгресната истрага Кери, во 1998 година. ЦИА вршела влијание врз американската царина, полиција и судови да не дејствуваат против Ескобар картелот. Администрацијата на претседателот Клинтон не покрена судска истрага за овие незаконски дејствија на ЦИА.

Дел од овие сознанија можат да се најдат и на службените страници на ЦИА http://www.cia.gov/cia/reports/cocaine/index.html како и во анализите на телевизискиот канал Си-Ен-Ен http://www.cnn.com/US/9811/03/cia.drugs/.  (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари