Вечер анализа

Кубанската вакцина, мистерија за Западот

Цимавакс, тоа е името на моќната и таинствена кубанска вакцина против рак кој се појавува на белите дробови, и која досега дала докажани позитивни резултати. Многумина се прашуваат зошто, ако е можно создавање вакцина против рак, тоа не го пронашле и направиле експертите во лабораториите на некои од светските фармaциски гиганти, туку се случило токму во Куба, земја со ограничени економски и научни можности.

Првиот одговор, често пати десега даван во вакви ситуации, е дека големите светски фармациски гиганти работат исклучиво според комерцијални, а не според етички, или научни стандарди и критериуми. Ова значи дека ако тие имаат поголема заработка од продажба на цитостатици кои се употребуваат за санирање при конкретeн вид рак, а помала заработка од вакцина против ракот, компаниите од САД, Јапонија и Европа ќе го произведуваат она што им носи повеќе пари, а не вакцина против нивната заработка.

Втор одговор на ова прашање е дека овде е малку позната традицијата на кубанското здравство, особено фармацијата и биогенетиката, со кои во светот Куба важи за една од врвните. Само за појаснување, кубанската фармација и биогенетика денес има комерцијални приходи од над две милијради долари.

Мануел Церељо е професор на Флорида Универзитетот во Мајами (САД). Со години го следи овој кубански феномен, а досега имал повеќе од триста Кубанци кои студирале на тој универзитет, и се дел до денешната фармацевтска и биогонетичка индустрија на Куба.

Според професорот Мануел Церељо, главен кубански биогенетички експерт, лидер менаџер е доктор Мијар Баурекос, од кубанскиот Центар за биогенетика и биотехнологија.

Лидерот на тимот кој ја патентирал Цимавакс ЕГФ, прочуената кубанска вакцина против некои видови рак на белите дробови е имунологот Педро Камило Родригез.

Кубанските научници, освен оваа глобално позната вакцина, имаат и други моќни лекови кои успешно влијаат на огрничување или лекување рак на панкерас, тумор во централниот нервен и мозочен систем, лек за дијабетско стопало, лекови за контрола на холесторол и триглицериди... листата на врвни светски политичари, државници, актери, бизнисмени кои заминале на лекување на Куба, а се вратиле со радикално подобра здравствена состојба е долга.

Приемот и лекувањето се по одлука на државниот врв и лидер менаџерите на кубанските клиники кои се, патем, поставени таму токму од државниот врв, и затоа приемот и третманите се селективни, и во ограничен број.

Еден од овие краишта кој заминал на Куба да се лекува од рак, а се вратил излекуван, беше и познатиот југословенски, и српски актер Бата Живојиновиќ  кому кубанците му го продолжија животот за пет годи по претходната дијагноза за скор крај, дека го завршил своето.

Во октомври 2011, по долги проблеми и неуспешно лекување, Бата Живојиновиќ заминал на Куба да се лекува од гангрена на стопалото која му ги зафатила двете нозе. Го лекувал кубанскиот доктор Монтекин, со серум против гангрена, изумирање на делови од телото, болест која по правило завршува со ампутација на заболениот дел. Кубанците го излекувале, и се вратил дома без хирушка ампутација на нозете, по што над пет години тој се движел нормално за својата возраст.

И повторно се поставува прашањето зошто, кога веќе постојат, овие моќни лекови ги нема на глобалниот пазар. Куба е сиромашна држава, и нивната продажба битно би го зголемила буџетот и развојот на кубанската наука, особено биогенетиката и фармацијата. Да, ова е пазарна логика на Западот, а Куба не е на таа страна. Тие имаат други приоритети.

Лековите ги има во некои од светските држави, или во оние од политичкиот камп на кој припаѓа Куба, како Венецуела, Иран, Русија или Кина, или пак мали европски држави во кои моќните фармациски индустрии од САД и Европа немаат голем интерес за уривање на пазарот доколку Кубанците се појават на него, и ги загрозат нивните продажби на скапите цитостатици кои во неколку случаи би биле непотребни ако се употребуваат кубанските вакцини и серуми.

Вакцината против некои видови рак на белите дробови Цимавакс од 2015 ја има во Србија, а од 2016 и во Македонија.

Кубанците, како што често бива во биогенетиката и фармацијата, до овие моќни лекови и серуми дошле патем, развивајќи воени биолошки програми против антракс, бруцелоза, коњски енцефалитис, тетанус, Денга грозница... како и развој на биолошко оружје.

Според кажувањата на пребеганиот кубански офицер Алваро Прендес, центарот е во кубанската морнаричка болница Луиз Дијаз Сото, кој е дел од поголем комплекс на биохемиски и фармациски институти. Целиот комплекс е под контрола на кубанското министерство за одбрана и војската.

Според Алваро Прендес, на Куба има пет вакви центри кои работат со децении, а во кои има многу руски врвни научници.

Куба уште од 1990 има договор со Иран за соработка во воената индустрија, конкретно развој на биолошко оружје и заштита од него, одобрен и надгледуан од Фидел Кастро и Ајатолахот Хомеини. Во 2001 година Куба изградила голем воено технички биохемиски комплекс во Техеран, со специјaлност за бистражување на бактеријата ешерихија коли, како и растворливи и нерастворливи протеини.

Само за технолгијата, односно знаењата, Иран тогаш и платил на Куба околу 500 милиони долари, а Кубанците изградиле биохемики институт во Техеран кој има работен простор од 65.000 квадратни метри. Тука се проучува и развојот на синтетизирани бактериски и вирусни агенси.

Ова го потврдува и американскиот професор Мануел Серељо, кој тврди дека таму ги има сите услови за производство на смртоносен антракс, кој повремено се јавува како закана и сретство при политички цели, или напади со политички мотиви. Прозиводите на вакви моќни лаборатории на разни начини се расфрлаат во отворени простори, и предизвикуваат епидемии врз луѓе или природна околина, најчесто со појава на заболувања на домашни животни или шумско беснило.

Зошто и е сево ова потребно на Куба, држава која над 50 години е под власт на Фидел Кастро а потоа на неговиот брат Раул, и има помал приход и домашен производ по глава на жител од Македнија. Куба е држава која е на американската црна листа како непријателска, нејзин сосед, а САД не успеваат над 50 години да ја сменат власта на семејството Кастро, да предизвикаат државен удар или граѓанска војна.

Кубанската мистерија, високиот развој на биохемијата и биогенетиката, далеку поголем отколку кај некои други моќни држави, е нивно политичко, научно и културолошко оружје и капитал. Тие се во тоа навистина добри, и умеаат да го употребат тоа свое знаење.

Најдобри промотери на моќта на кубанската биогенетика и фармација се Фидел Кастро, и неговиот брат Раул. И за современата медицина е тајна како Фидел Кастро, се до својата смрт во ноември 2016 година, повеќе од десет години одржуваше нормален живот победувајќи го ракот.

Фидел Кастро обележи над 90 година живот, иако се соочуваше со неколку исклучително тешки болести, меѓу кои во два случаи и рак. Негивиот брат Раул Кастро, формалниот лидер на Куба над десет години, со своите 86 години изгледа необично витално, здраво и полетно.

Мистеријата на кубанската наука останува и понатаму отворена. Да, денешните кубански лекови, серуми и вакцини против тешки болести, меѓу кои спаѓаат и некои видови рак, се дополнителна дејност на воената индустрија но, многумина од тие лекови виделе корист, оздравеле, и тоа е доволна причина кубанската мистерија да живее и понатаму. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари