Понеделнички

Карлеуша

Мачорот Ван Хојте, оној што пушта политички пораки и пропаганда од својот Твитер профил, ноќта од сабота кон недела се огласи: нема избори на 24 април. Го соопшти тоа пред да биде објавен ставот на Европската унија, секако и на американската амбасада.

ОК. Ван Хојте си ја заврши работата. Направи се што може за да нема избори на 24 април и за тоа беше добро платен. Задоволството е негово. Нам ни останува гневот.

Ако речам Ван Хојте заврши работа за потребите на СДСМ, тоа е малку. Недоволно за да ја опише и да ја дефинира состојбата. Во целата оваа драма која и се наметна на Македонија СДСМ се шупелка, обичен изведувач на работите. Па и во тоа неуспешни.

Не сакам тешки зборови и заклучоци, особено не сакам теории на заговор и слични дефиниции, но човек може да не сака дожд, ама тоа не значи дека кога ќе врне, може да го игнорира дождот, и да шета како будала без чадор правејќи се дека ништо не се случува.

А се случува, до запирка, разбивање на државниот систем на Македонија.

Не е во прашање странски обид за неуставна и незаконска смена на власта во државава. Не е цел Груевски и неговиот тим да бидат просто заменети со Заев и неговата банда. Малку е тоа за олку сложен систем и напор кој се вложува.

Да е целта само смената на една партија со друга, тоа уште лани ќе се завршеше.

Да одиме по ред.

Кога во 2001 г. требаше да се менува карактерот и Уставот на Македонија, од надвор ги уфрлија Косоварите и го измислија ДУИ да ја заврши работата. Не успеавме да се одбраниме од тоа, затоа што СДСМ влезе во заедничката влада да ја урива од внатре, и да ја урне и одбраната на државата со тоа.

Но, работите во регионот, петнаесет години потоа, се сменија. Косово не е функционална држава, постојано е во тензии и конфликти, нивната елита не може да опстои во мирнодопски услови, без непријатели, пушки, пукање и насилства. Без нови вооружени конфликти и држење на народот на штрек и под оружје во освојување нови права и територии, како димна завеса за богатење и власт на елитата.

Петнаесет години по војната во 2001 година, Али Ахмети и неговите се спремни за отстрел. Од незадоволната елита на Косово, која бара нови пари и нови функции, и од странскиот фактор кој заради мир во косовската куќа се труди да ги задоволи.

Веќе пар години Али Ахмети е цел на вооружени напади од Косово. Тоа не е теза. Тоа се изјави на негови бивши команданти кои војувале тука во 2001 година дадени во судски постапки, давани низ косовски медиуми. И во случајот напад на караулата Гошинце, како и терористичката акција во Диво Насеље, групата тврди дека се дојдени тука да ја урнат државната власт и да го решат Али Ахмети. Дека за нивните акции, нормално, знаеле и многумина од странскиот фактор на Косово.

Зошто им треба главата на Али Ахмети? Затоа што не плаќа рекет.

Тие бараат пари, покривање на шверц и криминал во и низ Македонија, и учество во власта во Македонија онолку колку што тие сметаат дека им е потребно. А сето тоа треба да го дадеме ние, овде во Македонија, без оглед дали сме Македонци или Албанци, треба да се откажеме од наш закон, наши пари и политика за да ги задоволиме нив.

А тие не се задоволни никогаш. Постојано бараат уште.

Во такви околности, Али Ахмети и неговиот тим се држат блиску до ВМРО, затоа што ВМРО обезбедува стабилна и силна држава, која може да излезе на крај со тие предизвици и закани, што се покажа и во Диво Насеље, во Куманово. Со СДСМ на власт, Али Ахмети би бил оставен на бришан простор, на милост и немилост од оние што ја бараат главата. Неговата, и на неколкумина негови соработници.

Да, СДСМ сега е под силна заштита на странскиот фактор, осилени и надмени прават што сакаат и никој ништо не им може, но и тоа ќе помине. Ќе излезат на виделина фактите од кои ќе се шокирате до која мера бандата на Чауш, раководството на СДСМ и терористите од Косово соработувале последниве година-две. Тоа не се заборава.

Катица Јанева и СЈО, токму заради ова, бараат тие да ја водат истрагата за случајот Телеком. Тоа е она време кога владата на СДСМ, спротивно на закон и европските препораки, на Телеком му обезбедувала монопол не дозволувајќи конкуренција при што Телеком незаконски заработил околу 50 милиони евра. Од тие пари 15 милиони евра, според американската истрага, отишле на мито и корупција.

Монополот го обезбедиле Бучковски и Шекеринска. А, според изјави на полицаецот во пензија Слободан Богоевски, во парите за поткуп учествувале и Али Ахмети и Муса Џафери. Затоа Катица Јанева, СЈО и СДСМ сакаат тој случај да биде во нивна надлежност, преку рекет и уцена со апсење на Али Ахмети да обезбедат негова соработка во уривањето на Груевски, и државниот систем на Македонија.

ДУИ и Али Ахмети сега се жежок оган. Без соработка со ВМРО нивната глава е на удар, а ако Телеком отиде во рацете на Катица и слободата им е во прашање. Некои нови играчи од Косово чекаат на нивното паѓање, и свое место во власта на Македонија.

Но, и странците знаат дека тука е точката од која се менува се.

ВМРО-ДПМНЕ е, несомнено, партија која го обезбедува македонскиот национален идентитет и државната стабилност, тоа е барем десетина пати за овие две децении потврдено, и не е предмет на сомневање или спорење.

Доколку ДУИ од наведените причини реши да претрча кај СДСМ, и да го смени балансот кој е воспоставен природно - како производ на поддршка и избори, мнозинството Македонци тоа ќе го доживеат како албански удар врз државноста и националниот опстанок менаџиран од Косово и СДСМ, со логистика од странскиот фактор. По ова, работите стануваат многу поинакви, многу потешки за контрола, и неизвесни во својата завршница.

Кој стои зад сето ова?

Во разговорите помеѓу Зоран Заев и дилерот на телефонски разговори Зоран Верушевски, неколку пати Заев повторува дека амбасадорот и "чадорот" стојат зад ова...

Во судски обезбедените снимки од кабинетот на премиерот Груевски, кога Заев го уценува со тие телефонски разговори, Заев се заканува дека разговорите се од странска служба и дека дипломати стојат зад него...

Во разговорот со сопругата на Чауш, веднаш по апсењето на Чаушот, Зоран Заев вели: не се секирај, ништо нема да биде од ова, знаеш кој стои зад нас... Не треба многу стручност да се изведе свој заклучок од сево ова.

Затоа, е потребно да се урне цел еден систем, државен и национален, на кој ВМРО ДПМНЕ и Груевски се гаранти. Не е доволно само нивно заминување од власта.

Се гради паралелен систем во државата. Сорсоидите се замена за невладин сектор, кадровска база за контрола врз медиуми, универзитети, средни училишта, судства и обвинителства. Брз квалификации, од никого избрани, без одговорност.

Затоа е измислена Катица Јанева и СЈО, и самата надвор од Устав - треба да апси, понижува, разбива државен систем, урива фирми и медиуми... да создаде хаос по кој обичен човек ќе заклучи: нека биде било што, само ова да престане.

А за да престане, ако и се дозволи секако, тоа било што – е траен хаос и исчезнување на сешто денес претставува стабилност, национален идентитет и прогрес.

Ако Катица специјалната успее, кој политичар во иднина ќе биде заинтересиран да се посвети себе на нови работни места, поголеми плати и пензии, градење школи и патишта, нови болници, чување на етнички односи и баланс... никој.

Доволно ќе биде да одработи за "чадорот" и рекетарите од Косово, и власта му е загарантирана. А на нас гарантирани ни се деновите од темната транзиција.

Затоа, вреди да се бориме против оваа закана. И да победиме.

Гледам, деновиве некои колеги кои веруваат дека се новинари иако немаат читатели и гледачи, ја поттикнуваат Катица специјалната да апси се што им стои на патот, и секого што е доказ за нивната инфериорност. Професионална и интелектуална.

Тоа е онаа збирштина што со децении е плаќана од странски пари да одработува за потреби на "чадорот". По пола милион долари за сајт, или по 60.000 евра за емисија која никогаш никаде не е емитувана. Платени се да завршат други работи.

Ме потсети на оние години кога кретенката Карлеуша, со нејзиниот пискав глас и празни дискотеки на нејзините настапи, се радуваше на апсењето на Цеца. А Цеца ја апсеше нејзиниот татко, тогаш полициски функционер во Србија.

После се, Карлеуша и натаму остана кретен, а Цеца и денес е легенда.

Поврзани

Најнови вести

Коментари