Понеделнички

63.

Шеесет и три и точка. Или, три запирки после кои следат други ситуации. Ова не се обични избори. На 11 декември во Македонија ќе се гласа. За што?!

Би требало да се гласа кој ќе формира влада. Би се гласало согласно минатото кое дава препорака за кандидатите и партијата; сегашноста која се состои во програма која се нуди; и иднината, имињата и кадрите кои треба да бидат гаранција за остварувањето.

Дали се ова главните теми на нашите избори на 11 декември. Не.

Ние допрва треба да создадеме услови за да имаме своја влада. Онаква каква што имаат и другите, и каква кај нас е запишана во Уставот. Ние влада немаме затоа што две години по ред во Македонија силни адреси надвор од државава наметнуваат нивно владеење.

Владеење од странство без одговорност, и надвор од закон. Потоа, овде одбираат свои инсталации и извршители кои ќе добијат функции, но не и власт. Властa останува кај нив. Без одговорност. Надвор од нашето влијание и интереси.

- Ние и странците мелеме еден план кој треба да заврши така што било кој да победи на изборите ќе се формира влада од сите партии во собранието, како што е Извршниот совет во Швајцарија... таа влада ќе има основна задача да го смени името и Уставот на Македонија... изјави Љубомир Фрчковски на трибина во Словенија.

Тој и Радмила Шекеринска се константа во СДСМ повеќе од две децении. Тоа е суштината на планот. И за Фрчковски, како и за Шекеринска и Заев, како и за нивните ментори од странство со кои мелат свои планови независно од нашата граѓанска и избирачка воља...

Сите тие знаат дека СДСМ ќе ги загуби и овие избори. Затоа што ние, граѓаните и гласачите не сакаме власт на СДСМ и се што со таа власт оди, особено не со Заев на чело на владата.
Дали мелењето на странците и СДСМ ќе успее. Тешко. Многу тешко.

Две години не мелат. Од непризнавање избори кои ги загубиле, до прислушување и незаконска употреба и јавно објавување туѓи монтирани телефонски разговори, до уривање институции, клеветење на сопствена држава пред дипломати, грабање на над 20 милиони евра од фондовите на Сорос и дипломатските фондови со кои се финансираат нивни медиуми, квазиексперти, насилни демонстрации, кршење редакции и тепање новинари кои не се под контрола на дипломатите и СДСМ... ширење трауми и лаги дека пензиите ќе ги снема, дека субвенциите ќе мора да се враќаат назад, дека полицијата сама го режирала тероризмот во Куманово, дека владата сама себе се прислушувала, дека болниците немаат веќе лекови и инструменти, дека Европската Унија ќе воведе санкции после кои ќе паднеме во криза и беда...

Се покажа дека ништо, ама баш ништо од лагите кои требаше да создадат страв и несигурност не е точно. Точно е само дека после се останаа странските пари на нивните сметки. Останаа последиците од нивното дивеење. Останаа и над 200 милиони евра во фирмите на кланот Заев кои се свртени откако тој станал градоначалник на Струмица.

Остана СЈО, нивна алатка надвор од уставноста создадена да биде СС трупа во наци политиката на Заев и СДСМ. Како што вели професорот Саво Климовски, СЈО е канцер на правосудниот систем кој се заканува да се прошири и да го урне системот.

Остана јадицата - медиуми и групи кои сакаат лесни дипломатски пари да се запишат на шалтерот на СДСМ и СЈО, и парите ќе им бидат исплатени. Колку што треба.

Не успеаја да не скршат. После сето тоа, и многу други слични нешта кои не се наведени, Македонија остана на нозе. И пред овие избори, СДСМ и Заев се пред пораз.

И што сега. Што е тоа што треба да им направи пресврт.

Последната карта од ракавот на дипломатите. Да се продаде Македонија во замена за власт на нивните избраници од СДСМ.

Заев и СДСМ јавно го нудат она што ни партиите на Албанците не го објавуваат, а со години работат тоа да се случи: општа двојазичност и кантонизација во Македонија, како што Заев ја нарекува федерализацијата.

По многу дејствија и уривања, странските ментори и СДСМ констатираа дека, покрај се, немаат поддршка од Македонците, ниту од Турците, Србите, Ромите, Власите и Бошњаците. СДСМ, после се, нема да добие нови гласови кои ќе го донесат на власт.

Штом е така, ќе бараме и земеме гласови од Албанците. Ќе плукаме и удираме по ДУИ и ДПА за да ослабнат, да го загубат авторитетот и довербата кај гласачите. Ќе ја формираме Беса со странски пари, како алтернатива за незадоволните и разочарани Албанци.

На крај, Албанците од поголемите градови како Тетово, Гостивар и Скопје и ќе ги поттикнеме, ќе ги насочиме да гласаат за СДСМ, и Заев. Од Албанците ќе бараме да го надоместат она што Македонците не сакаат да му го дадат на СДСМ. Гласови и власт.

Да, но за да добие СДСМ гласови од Албанците, треба нешто да им даде.

И влогот е избран. На Албанците кои ќе гласаат за СДСМ и Заев ќе им ја дадат на милост и немилост - Македонија. Ќе им дадат двојазичност и федерализација, која Заев ја нарекува кантонизација. Тоа е јадицата на која Албанците треба да се навлечат и да гласаат за СДСМ и Заев, за тој да добие албански гласачи, повеќе гласови и победата на ВМРО ДПМНЕ да биде помала од десет пратеници разлика во однос на СДСМ.

Со мала разлика, СДСМ нема да ги признае изборите, ќе организира демонстрации и протести на кои за помош ќе ги повика и најрадикалните Албанци од Македонија и Косово кои, без победата на СДСМ, не можат да ја растураат Македонија со кантонизација и двојазичност, и да создадат трета албанска држава во регионот.

Тоа е планот. Но, едно е домашниот есап, а друго е како стојат работите на терен.

Партиите на Албанците го препознаа планот, и проценија дека е тоа директно против нивните партиски и политички интереси. Ако потребите на Албанците ги задоволуваат Заев и СДСМ, зошто да постојат ДУИ, ДПА и други слични. Ако СДСМ и Заев сега им земат гласачи, на идните избори ќе им земат уште повеќе и ДУИ, ДПА... ќе го загубат правото дека се легитимни етнички претставници на Албанците во Македонија.

ДУИ, ДПА, Беса... сега, повеќе од било кога, имаат мотивација да се борат за секој албански глас да остане во албанскиот камп. Им се заканува уривање на концептот.

Од друга страна, планот го препознаа и Македонците.

Колку и да биле против ВМРО, или нешто власта на Груевски им згрешила, или пак не биле заинтересирани да гласаат на избори... Македонците се сепак доволно писмени да препознаат дека она што го нуди Заев со СДСМ е трајно губење на нивната иднина.
Трајна загуба. Засекогаш.

Ако сега се гласа за Заев и СДСМ, двојазичноста на целата територија на Македонија станува законска обврска. Тоа е трајно губење на сопствената држава, губење работни места ако не се знае албански, доселување на десетици иљади Албанци во Карпош, Центар, Аеродром, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Велес, Охрид, Берово, Прилеп, Битола, Крушево... секаде каде што нема доволно луѓе кои знаат албански, такви луѓе ќе се доселат за да можат да функционираат јавните институции, и да се задоволи законската обврска за двојазичност.
Тоа е состојба на Косово пред осамостојувањето.

Сакате ли да бидеме Косово?!

Кантонизацијата се остварува со зголемување на правата на општините, што за градоначалникот Заев е поголем личен профит на неговата фамилијарна сметка, но со тоа општините добиваат и право да се здружуваат меѓу себе. Во кантони. Албанците ќе формираат свои кантони, со своја кантонална власт која ќе биде контра државната.

Кантоните, според планот на Заев и СДСМ, ќе можат да соработуваат и да се здружуваат и преку граница. Регионално. Албански кантон од Македонија ќе се здружи со кантони и општини од Косово и Албанија. Ќе имаат своја полиција, школи и судови.

Ова не е муабет. Сето ова го кажува Заев, а го пишува и во нивната програма.
Дали е сега време да го запреме тоа. Да. Последна прилика е.

Ако се гласа за СДСМ и Заев, ова ќе се случи. Албанците нема да им дадат на СДСМ и на Заев да се премислуваат. Имаат и сила и оружје да го натераат на извршување на сопствените ветувања бидејќи со албански гласови добил пратеници. Никогаш, на ниту едни избори во иднина, ова не може да се поправи или смени.

СДСМ и онака ќе загуби, тоа го знаеме сите. Тоа го знаат и самите тие. Што е важно дали ќе загуби со 15 или 20 пратеници разлика во однос на ВМРО ДПМНЕ. Ќе загуби.

Но, на другата политичка страна, бројот на пратеници е судбински важен.
ВМРО-ДПМНЕ реално има моќ да освои помеѓу 55 и 60 пратеници. За да се запре кантонизацијата и двојазичноста потребни се 63 пратеници, по што ќе спиеме мирно. Потребни се дополнителни само 20-ина иљади гласови на неопределените и најголемата закана за Македонија последниве седумдесет години ќе биде решена. Ќе опстанеме.

Запомни. Ако сега згрешиш, нема поправка на наредните избори. Нема никогаш. Еден чекор не дели од наша Македонија до нивното Косово. Сакаме ли Косово дома?!

Ова е од оние работи после кои нема каење. За или против Груевски може да се гласа секогаш, и на наредните избори, и потоа. Но, за Македонија нема да може да се гласа веќе никогаш ако сега сами се откажеме од себеси, својот јазик, и својот Устав.

Симболиката е убиствена: на ист ден, на 11 декември Обединетите нации донесоа одлука во Македонија да се испрати мировна војска. Кој посакува ова да се повтори?!

Поврзани

Најнови вести

Коментари