Како фирми на Заеви цицаат пари од општинската каса во Струмица?

Трајче Заев, прв братучед на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, во период од пет години во два наврати, купил акции во градежна компанија, која потоа почнала да добива бизнис зделки од општината Струмица, покажуваат документи до кои дојде Нетпрес.

-Според материјалите кои ги поседуваме, Трајче Заев на почетокот на март, 2008 година, го купил првиот пакет акции во фирмата АДГ "Пелагонија". Тој купил 2.480 акции, односно 12 отсто. Акциите ги купил од ПИОМ. Неколку години подоцна, односно во јули годинава, Трајче Заев докупил уште еден пакет акции во оваа градежна фирма. Овојпат тој купил 4.875 акции и со вкупно 36 отсто станал најголем, но сепак не и доминантен акционер во претпријатието, пишува Нетпрес.

Според порталот, АДГ "Пелагонија", каде најголем акционер е Трајче Заев, има склучено вкупно 15 договори за јавни набавки, од кои 12 со Општина Струмица и три со ЈПКД "Комуналец". Сите 15 договори се склучени во периодот откако Трајче Заев веќе го купил првиот пакет акции во фирмата. Првиот договор бил склучен во август 2008 година.

Трајче Заев моментно е овластено лице во фирмата АД "Еленица". Тој е син на Убавка Заева, која е косопственик на фирмата "Тргопродукт" и брат на Катерина Бојовиќ Заева, косопственик на фирмата "Тргопродукт" и член на Надзорен Одбор во фирмата АД "Еленица".

И фирмите на неговата мајка Убавка Заева и неговата сестра Катерина Бојовиќ Заева имаат склучено договори за јавни набавки со Општина Струмица и ЈПКД "Комуналец", стои во статијата објавена на Нетпрес во која се нагласува дека продолжува утре со текстот: Колку пари пари исцицале фирмите на Заеви од општинската каса во Струмица?

Најнови вести

Коментари