Бошковски монтира снимки и заглавува се подлабоко во неморал и кодошење

Јохан ги тужи Љубе и А1 за фалсификат!

Снимениот исказ на Љубе Бошковски трае повеќе од 10 часа, објаснува адвокатот на Јохан, Јордан Апостолски. А Јохан нема дадено исказ пред хашките итражители. Кога тие бараат од него да каже што знае, тој им вели: немам што да соработувам со вас, надополнува адвокатот на Јохан. Затоа, тој има фер предлог за екс-министерот: - Бидејки ги монтираат снимките, ајде да се собереме сите заедно, да ги емитуваме 10-те часа негов исказ и да видиме кој е кој и што збори.

Ако тврди дека ја кажува вистината, ајде да побараме од Трибуналот да ја укине забраната за емитување на снимките и да видиме немонтирано што се кажува, нека одбере на која телевизија сака пренос, вели Апостолски и надополнува: - Ние веќе побаравме укинување на забраната!!!


Монтирани клипови се ставени на јутјуб кои треба да покажат дека Љубе Бошковски не ги предава учесниците во Љуботен. Најпрво сведочи во 11 и 32, за веднаш потоа на снимката да се отиде во 11:42 часот истиот 23 ноември 2004 година. Вака монтираната снимка покажува дека Љубе добива документ изготвен од АРМ кој треба да го прочита. А фали делот каде некоја минута претходно, тој самиот го вади документот и вели: еве кои се организаторите и изведувачите на акцијата во Љуботен. Ова е дел од изјавата на Јордан Апостолски, адвокат на Јохан во Хаг.
- Ако имаше снимка од Јохан, ке ја емитуваа, ама не ја емитуваат, зошто Јохан нема дадено никаква изјава пред хашките истражители. Кога бараа исказ од него, тој на своја штета им рече: немам што да сорабоптувам со вас и немам што да ви кажам, пријатно!- изјави Јордан Апостолски.
Снимениот исказ на Љубе Бошковски трае повеќе од 10 часа, објаснува Апостолски. А Јохан нема дадено исказ пред хашките итражители. Кога тие бараат од него да каже што знае, тој им вели: немам што да соработувам со вас, надополнува адвокатот на Јохан. Затоа, тој има фер предлог за екс-министерот:
- Бидејки ги монтираат снимките, ајде да се собереме сите заедно, да ги емитуваме 10-те часа негов исказ и да видиме кој е кој и што збори. Ако тврди дека ја кажува вистината, ајде да побараме од Трибуналот да ја укине забраната за емитување на снимките и да видиме немонтирано што се кажува, нека одбере на која телевизија сака пренос, вели Апостолски.
На објавените снимки 1, 2, 3, 4 на јутјуб, Бошкоски директно ги посочува имињата на Јохан Тарчуловски и уште неколкумина припадници на МВР како единствени организатори на љуботенската акција, за која тој и Јохан беа обвинети од Хашкиот трибунал.
Од исказот јасно се гледа дека тој се дистанцира од акцијата, префрлајќи ја одговорноста на организаторите предводени од Тарчуловски, а со одобрение на тогашниот претседател Борис Трајковски. Бошкоски се правдаше дека на снимките чита веродостоен извештај на АРМ, кој може да се најде на веб-страницата на Хашкиот трибунал.
За случајот, Бошкоски доби ослободителна пресуда, а Тарчуловски е осуден на 12 години затворска казна. За лажното обвинување и клеветење со новите монтирани снимки 5,6 и 7 на јутјуб, адвокатскиот тим на Јохан подготвува кривични пријави. На најголемиот видео портал, ги ставил човек со слично име како првиот.

Јохан не е сопственик на КОМЕТА

На видео снимките, Љубе Бошковски тврди дека Јохан Тарчуловски е сопственик на агенцијата за обезбедување Комета во времето на љуботенските настани.
- Тоа не е точно. Од првиот ден на основањето на Комета до ден-денес, ни Јохан Тарчуловски ни некое друго лице било или ќе биде сопственик на Комета. Единствениот газда на Комета од секогаш сум бил и ке бидам јас, Владимир Јовановски Бучук, изјави за Вечер сопственикот на Агенцијата за обезбедување Комета. Во својот исказ, Бошковски посочува дека преку 100 обезбедувачи на агенцијата Комета заедно со Јохан учествуваат во љуботенските настани.

Здружение за поддршка на Тарчуловски
Јалов обид на Љубе за спас на политичката кариера


Во Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски се згрозени од обидите на Љубе Бошковски да ја спаси својата политичка кариера преку оцрнување и дискфалификација на Јохан Тарчуловски.
- На монтажерот Љубе Бошковски не му беше доволно што на најподмолен начин го клеветеше Јохан Тарчуловски, па сега се обидува преку конструкции и монтажи да се спаси себеси преку префрлање на сопствената вина за предавството на Јохан, изјави Александар Колевски, претседател на Здружението. Според него, лицемерно и кукавички е што Бошкоски и неговите инсталации го обвинуваат Јохан, во време кога тој е во Хаг и нема можност да ја каже вистината.
- Ако имаше грам вистина во тврдењата на Бошковски, сега работите ќе беа поинакви. Јохан Тарчуловски ќе беше на слобода. Ова е врв на лицемерието на Љубе Бошковски.
Тој сега целосно го изгуби своето достоинство, углед и легитимитет, рече Колевски.

ИВОНА Талевска
ДЕЈАН Мишевски

Најнови вести

Коментари