Драган Митрески

Македонија без маските на Заев - 150.000 демонстрираа во 31 град против Платформата од Тирана

Протестниот бран за заедничка и унитарна Македонија се прошири во 31 општина во Македонија.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија" објави дека кон протестните маршеви им се приклучуваат нови градови, со што од ден на ден протестите се шират и стануваат се помасовни. 
- Обидите на мала врата да се отвори дебата за промена на идентитетот на граѓаните на Република Македонија нема да успеат. Маските паднаа, „За заедничка Македонија" не е за прифаќање туѓи платформи и нивните обиди ќе наидат на силен отпор кај граѓаните на Република Македонија. Денеска почна третата недела на протестите и доказ дека нема да помине платформата е масовноста на граѓаните која денеска ја имаме во рекорден број градови, дури 31 - истакнаа вчера од граѓанската иницијатива.
„За заедничка Македонија" бара јасно и недвосмислено повлекување на обидите за редефинирање на Македонија и отфрлање на тиранската платформа.

13 март 2017 - 22:39