Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

Премиерот Зоран Заев, со владина делегација на 25-ти и 26-ти јануари, ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, Швајцарија, на тема „Креирање на заедничка иднина во поделениот свет“, информираат од владината прес-служба.

Светскиот економски форум е меѓународна организација којашто на светско ниво работи за воспоставување на модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари