Заедно со државата им тоне и цената на квадратот

Стан во Солун има и за 10.000 евра!

Во моментов заради економската криза во Грција, стан во Солун може да се најде и за 10 000 евра! Во центарот на градот становите кои се во одлична состојба, нови градби, се продаваат до 600 евра за квадрат, додека оние кои се не се во центарот на градот можат да се купат за 200 од метар квадратен, па и поевтино, пишува српски Телеграф кој ја анализира цената на недвижностите во Солун.

Како што наведува порталот, сега е многу лесно да се најде и купи евтин стан во вториот најголем град во Грција, а сопственик на стан не поголем од 60 метри квадратни може да се стане и за скромни 10 000 евра. Во огласите можат да се најдат разни станови по различни цени во зависност од нивната локација и големина.

- Може да купите евтин стан од 60 квадрати за 15 – 20 000 евра и во негово реновирање да вложите уште малку пари за комплетно да го средите. Ако најдете и помал или се спогодите со сопствениците, се поминува и поевтино во оваа криза, вели Ана Павлица Мајоров, агент за недвижнини во Солун.

Некои српски граѓани се решиле и да продадат имот во својата земја за да инвестираат во недвижнини на Халкидики, со мaтематиката дека од издавање на еден апартман за една сезона можат да се заработат до 4.000 евра и дека парите брзо ќе ги вратат. Додека за стан во Солун, туристи плаќаат по околу 200 евра месечна кирија.

Станови и куќи на крајбрежјето купуваат и оние кои немаат намера да рентаат, туку кои планираат самите таму да летуваат. Така едно семејство од Белград за вкупно 45.000 евра купило стан од 60 квадрати во Аспровалти.

- Се завршивме преку агенција и нормално потоа кај адвокат и нотар. Од Србија освен пари понесовме и извод од матично, потврда за вработување и за последните три плати, раскажале тие.

Трошоците кои мора да се платат освен купувањето на станот се околу 13 отсто од вредноста на недвижноста ако е изградена до 2006 година, а за периодот по тоа е 33 отсто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари