Центарот за јавно здравје наложи

За Нова година - да светит во ресторанине!

Во пресрет на Новогодишните празници, период кога се очекува Охрид и Струга да бидат посетени од голем број туристи и гости, центарот за јавно здравје со апел до сите кои работат со храна, пренесува Охрид1. 

Во дописот со кој преку медиумите ги информираат угостителите од центарот велат:

„Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето. апелираме и ги потсетуваме угостителските работници, сопственици на хотели, ресторани, кафулиња, маркети и сл. на законската обврска за навремено вршење на:

- здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци)

- дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).

Во интерес на заштита на здравјето на населението, Центар за јавно здравје Охрид со своите човечки и технички капацитети е подготвен да излезе во пресрет на потребите и барањата за професионално и навремено вршење на горенаведените услуги", велат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Поврзани

Најнови вести

Коментари