За 6 месеци нафтата поскапе за 21% - какви поскапувања не очекуваат?

По зголемувањето на акцизата од први јануари за нафтата и со вчерашното покачување, во моментов возачите за еден литар Еуродизел плаќаат 59,5 денари.

По зголемувањето на акцизата од први јануари за нафтата и со вчерашното покачување, во моментов возачите за еден литар Еуродизел плаќаат 59,5 денари.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека ова покачување директно влијае врз џебот на граѓаните. Потпретседателот Назми Ејупи тврди дека реално е да се очекува и покачување на цените на останатите производи и услуги.

„Нема сомнеж дека покачувањето на цената на нафтата за толку кратко време, за две три недели, како и денешното поскапување директно влијае на бизнисот на сите бизнисмени бидејќи за толку кратко време, 10%-15% ја покачува цената на производите како и транспортот. Сигурно дека и дистрибутерите ќе размислуваат за покачување на цената, а тоа директно ќе влијае на бизнисот на производителите, трговците, а може да се очекува и покачување на цената на производите", вели Ејупи.

Бизнисменот Невзат Алији, чија што компанија врши организиран транспорт на стоки, смета дека поскапувањето на нафтата негативно ќе влијае врз работата на дистрибутерите. Доколку продолжи поскапувањето на нафтата, тогаш ќе поскапат и цените на транспортот, а тоа води кон опасност од инфлација.

„Покачувањето на цената на нафтата негативно се одрази на нас, тоа доведува до поскапување на производите кои што ги дистрибуираме", додава Алији.

Од друга страна, министерот за финансии, Драган Тевдовски, на почетокот на годинава, по зголемувањето на акцизата за 3,5 денари, ова нема да влијае на цената на производите.

Во последните шест месеци цената на дизелот во Македонија е зголемена за 26,5 проценти односно 12,5 денари. Во јуни минатата година за еден литар еуродизел возачите плаќаа по 47 денари, а од ноќеска на полноќ таа изнесува 59,5 денари.

Извор: тв21

Поврзани

Најнови вести

Коментари