Од идната година

Во Србија минималната цена на трудот ќе се зголеми на 143 динари за час

Минималната цена на трудот во Србија од идната година ќе биде зголемена на 143 динари за еден час (119 динари - 1 евро), наведе денеска претседателот на Унијата на работодавачи на Србија, Небојша Атанацковиќ

Во изјава за српски медиуми тој рече дека е договорено минималната заработувачка да биде зголемена за 10 отсто, а на работодавачите да не им се зголемуваат трошоците на основа на данок. Изјавата ја даде по седница на Социјално-економскиот совет каде се претседателот на Владата, на репрезентативните синдикати и Унијата на работодавачи на Србија.

Репрезентативните синдикати бараа минималната цена на трудот по час да биде идната година зголемена од 130 на 154 динари. Минималната цена на труд по час од јануари оваа година е зголемена од 121 динар за час на 130 динари, а изминатите пет години за 15 динари. Минималната плата од 22.800 динари во Србија ја добиваат околу 350.000 работници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари