Занаети

Во Швајцарија еден столар може да заработи 4.018 франци

Во Швајцарија занаетчиските работи се добро платени, а еден столар може да заработи 4.018 франци.

Пекарите во оваа земја заработуваат нешто повеќе. 2.601 франци може да заработи фризер. Цвеќар и графички дизјанер земаат плати од 3.800 франци. 4.450 франци изнесува платата на еден автомеханичар.

Новинарите заработуваат по 5.551 франк, а професор над 7000 франци. Главен лекар во болницата во Цирих заработува скоро 13.000 франци месечно.

Swissinfo.ch пишува и дека на работниците често им се исплатува и 13-та плата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари