На лицитација

Во Штип порадени две парцели за изградба на индустриски објекти за 15.000 евра

Општина Штип ќе инкасира околу 15.000 евра од лицитацијата на градежно земјиште, која се одржа вчера по електронски пат. Лазар Хаџи Николов од Одделението за урбанизам во oпштина Штип на денешната прес-конференција рече дека за понудените 13 градежни парцели, апликации и надавање имало за две и тоа за изградба на индустриски објекти за лесна и незагадувачка индустрија.

- За една аукција имаше едно заинтересирано лице, кое надаваше, а за другата аукција имаше четири заинтересирани кандидати. Аукциите течеа во најдобар ред. Локацијата на едната градежна парцела е во населба Пребег, а на другата во Суво Грло. Како општина сме задоволни што имаше заинтересиран кандидат за локацијата Суво Грло, од причина што со продажбата на оваа парцела очекуваме таму да се изгради индустриски објект, со што ќе се овозможи развој на индустријата и нови вработувања во Лакавичкиот регион, рече Хаџи Николов.

Постигната цена за изградба на индустриски објект во Суво Грло е 71 денар за метар квадаратен, а за парцелата во населбата Пребег највисоката понудена цена е 801 денар за метар квадратен.

Хаџи Николов нагласи дека ова е и првата објавена лицијатција за градежно земјиште, која ја реализираше општина Штип во текот на годинава.

- Комисијата за отуѓување на градежно земјиште кое е во сопственост на Република Македонија не можеше претходно да објави оглас, бидејќи отуѓување на земјиште не смее да има во периодот кога се случуваат избори, посочи Хаџи Николов.

Општина Штип има градежни парцели за сите намени кои може да ги понуди на заинтересираните граѓани, но тоа може да се случи по одржувањето на Локалните избори. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари