Производите на "Застава оружје" продадени до 2019.

Во "Ловец на елени" Роберт де Ниро пука од српска пушка

Производите на српската компанија "Застава оружје" многу се барани ширум светот, а во прилог на тоа оди и фактот дека комплетната производна програма e распродадена се до 2019 година,Toа на оваа фирма ќе и донесе приход меѓу 35 и 40 милиони долари, пишува Новости. 

- Извезуваме на сите континенти, во повеќе од 40 земји, а најзначајни и најголеми купувачи ни се тие на Блискиот Исток и во Африка, вели директорот на маркетингот на оваа компанија, Зоран Шушиќ.

Тој наведува и дека пробирливиот пазар на Северна Америка, однсоно САД и Канада, исклучително ги ценат и ги бараат нивните пушки. 

- И ловечките карабини од наше производство отсекогаш имале свое место на овој пазар. Во култниот филм "Ловец на елени", Роберт де Ниро лови со карабин од наше производство, напоменува Шушиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари