Во Хрватска има 13.915 слободни работни места

На крајот на декември минатата година во Хрватска се регистрирани 187.363 невработени, што е за 0,4 отсто или 693 лица помалку во однос на претходниот месец и 20,8 отсто или 49.254 лица помалку во однос на декември 2016 година.

Податоците на Хрватскиот завод за вработување покажале дека во Хрватска моментно има 192.205 невработени и 13.915 слободни работни места.

Најмногу невработени има меѓу лицата со завршено образование за туризам и угостителство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари