Во 2018 година

Во Грција нема да има дополнителни мерки за штедење

Во 2018 година нема да бидат преземени дополнителни мерки за штедење, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос.

Тој истакна дека грчката економија е на пат кон заздравување, додавајќи дека Грција ги исполнува фискалните цели, доделува социјална помош и поставува основи за нов економски и продуктивен модел во земјата по меморандумите.

Во врска со можноста за предвремени избори, Цанакопулос рече дека примарниот суфицит во 2017 година ќе ја надмине целта дури и по распределбата на социјалната помош.

- Истите бројки се очекуваат и за 2018 година, под услов економијата да се забрза. Затоа нема смисла да се разговара за можноста за предвремени избори. Изборите ќе се одржат во 2019 година, потенцира портпаролот на грчката Влада.

Поврзани

Најнови вести

Коментари