ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги напаѓаше нашите субвенции, а сега ги нуди пред странските инвеститори

Заев ги напаѓаше субвенциите на ВМРО-ДПМНЕ, а сега тој самиот ги нуди, реагираат од опозицијата, по изјавите на премиерот Зоран Заев дадени на средбата со словенечките стопанственици.

„Очигледно срамот е непозната категорија за Зоран Заев, бидејќи да ја познаваше оваа категорија пред странските инвеститори немаше да го нуди истото она за што толку многу ја напаѓаше владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се субвенции за гринфилд и браунфилд инвестиции. Оттука Заев треба да се извини на ВМРО-ДПМНЕ за сите невистини, напади и неосновани критики за субвенциите кои сега токму тој ги нуди пред словенечките инвеститори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја прашуваат власта што има преземено, во насока на изградба на поволна бизнис клима и кој инвеститор го препознал тоа, до сега, во последните 6 месеци.

„Добра бизнис клима не се гради со зголемување на даноците, зголемување на акцизата за нафта, зголемување на персоналниот данок, како и зголемување на данокот на добивка кои кажа дека ќе ги преземе владата на СДС. Нови работни места не се отвораат со непријателски однос спрема странските инвестиции како што гради владата на СДС“, велат од опозицијата.

Додаваат дека во делот на странски инвестиции владата доживува фијаско, а досегашниот резултатот е нула странски инвестиции.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари