Владата вели дека, засега, нема зголемување на старосната граница за пензија

Владата засега не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Тоа е последната мерка што ќе ја превземе државата за да го намали минусот во Фондот за ПИОМ. За сега се разгледуваат други опции. Какви - најверојатно ќе биде објавено во јануари. Ова е ставот на министерката за труд Царовска, по препораките на ММФ и Светска банка, дека треба да се зголеми границата за пензионирање и да се укине бенефицираниот стаж

- Владата најодговорно тврди дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе ја отвориме и ќе дискутираме. Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани - изјави Царовска.

Во однос на препораките на ММФ , да не се зголемува со закон минималната плата, затоа што на тој начин ја загрозува конкурентноста на земјата и стимулира сива економија, Царовска вели – законот ги даде очекуваните ефекти. Овој закон гарантира дека експлоатација на работниците нема да има и дека на крајот од 8 часовното работно време, работниците дома ќе однесат загарантиран приход

- 2,40 Над 88,000 работниоци добија плата над 12,000 денари. Субвенциите не ги искористија фирмите, затоа што дел од нив не ги искполнуваа условите, а 22.000 работници веќе ги користат поволностите од Македонија вработува 1 и 2, додаде Царовска

Од финансии пак велат дека за ефикасно управување со јавните пари, во иднина ќе се отстранат слабостите и евентуалните злоупотреби кај овој закон. Владата очекуваше до крајот на годината од фирмите за исплата на повисок минималец да бидат искористени 4,5 милиони евра. Но, кога увиде дека интересот е слаб, со мини ребалансот, пренамени 3,7 милиони, што значи за повисока плата останаа 800 илјади евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари