ДЕЛНИЦАТА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО 28 ФЕВРУАРИ

Владата тврди дека со парите од постоечкиот заем ќе го доврши автопатот Демир Капија - Смоквица

Портпаролот на владата Миле Бошнаковски потврдува дека парите за завршување на овие активности се од веќе постоечките.

Во март 2018 година ќе се возиме по новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица на Коридор 10, бидејќи на предлог на Министерството за транспорт и врски до 28 февруари следната година се продолжува рокот за изградба. Согласно со првичните пресметки направени од надзорниот орган, за надзор на градежните работи се потребни околу 850.000 евра, средства кои се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далноводот на МЕПСО и на изградбата на контролниот центар.

Портпаролот на владата Миле Бошнаковски потврдува дека парите за завршување на овие активности се од веќе постоечките.

-Парите не се дополнителни туку се во рамките на постоечкиот заем, толку колку што првично чини автопатот, а оваа сумата е вклучена во тие пари. Значи средствата се обезбедени од постоечкиот тековен заем за изградба на автопатот и ќе се искорисат за договорот за надзор, па до 28 февриари сите критични точки ќе бидат завршени- вели Бошнаковски и дополнува дека тоа значи дека не се оди над сумата што била предвидена за изградба.

Владата на последната седница веќе го одобри анексите на договорот за изградба и на договорот за надзор на изведбата, бидејќи ресорното Министерство бара да се разгледа предлогот и сегашниот рок - 1 ноември следниот месец да се продолжи за да може да се овозможи изградбата на контролниот центар и да се дислоцира далекуводот на автопатот, кои беа посочени како клучни пречки за завршување на автопатот.

И од Министерството за транспорт и врски, веќе посочија дека продолжувањето на договорот нема да предизвика дополнителни финансиски импликации.

Инвестицијата во автопатот во должина од 28 километри изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година. Со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

(В.Ма.)

 

 

Најнови вести

Коментари