Владата го достави предлог-буџетот за 2018 до Собранието

Владата го доставила предлог-буџетот за 2018 година до Собранието. Расправата се очекува да почне неделава, според најавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека ќе ја прекине расправата по Законот за употреба за јазиците, и дека предност ќе добие предлог- буџетот за 2018-та година.

Општиот и амандманскиот претрес ги води матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Според деловникот за работа на Собранието, претресот најмногу 10 работни дена. Откако ќе заврши претресот, Владата подготвува дополнителен предлог со прифатените амандмани и тој се доставува до Собранието. За него пратениците на пленарна седница може да расправаат најмногу пет дена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари