Најдобар однос меѓу цена и квалитет

Витаминка, Опел, Милка, Бимилк, Нивеа и Нестле се „Best buy“ во Македонија

Производите на компаниите Витаминка, Опел, Милка, Бимилк, Нивеа или Нестле за македонските граѓани се најдобри примери и типични претставници на најдобар однос меѓу цената и квалитетот на домашниот пазар.

Ова го покажува првото истражување за наградата Best Buy Award спроведено во Македонија од страна на швајцарската организација ICERTIAS. Организацијата го мери искуството и задоволството на граѓаните со односот меѓу цената и квалитетот на производите и услугите кои можат да се најдат на пазарот. Истражувањето за Република Македонија е спроведено во февруари 2015 година.

Како дел од истражувањето за наградата Best Buy Award, од испитаниците е побарано да одговорат што според нив претставува најдобар однос помеѓу цената и квалитетот - најдобра вредност за нивните пари - според своето лично искуство за производи или услуги во определена категорија на македонскиот пазар.

Итражување во Македонија опфати 55 различни комерцијални и некомерцијални економски категории, како малопродажба, прехрана, обувки, облека, козметика, уреди за домаќинството, телекомуникации, финансии и друго.

Прашањата во истражувањето за наградата Best Buy Award беа отворени, односно на испитаниците не им се нудеа повеќе одговори од кои можеа да изберат. Тие слободно можеа да ги наведат имињата на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот.

Победници со освоено прво место во другите категории се Дивела (тестенини), Стопанска Банка (банка), Нивеа (гел за туширање), Телекабел (давател на интернет услуги), Веро (меѓународен малопродажен синџир), Вива (овошни сокови), Пивара Скопје (светло пиво), ВИП (давател на мобилни услуги) итн...

Важно е да се нагласи дека истражувањето за Best Buy Award не ја мери вредноста на брендот или пазарниот удел. Искуството, мислењето, задоволството и перцепцијата на корисниците се критериумите кои единствено се користат за да се измери односот помеѓу цената и квалитетот на добрата и услугите на пазарот, врз основа на личното искуство.

Истражувањето е спореведено на примерок од 1200 испитаници. Сите испитаници беа граѓани на Македонија, исклучиво корисници на интернет, постари од 15 години.

Главната мисија на истражувањето е да се добие увид во искуството на корисниците и перцепцијата за производите и услугите кои се смета дека даваат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (така наречено најдобра зделка) од самите корисници.

Целта на проектот и на сертификатот за „Best Buy Award" е да се поедностави барањето на најдобрите производи и услуги по најповолна цена. Целта е да им користи на корисниците на локалниот и на меѓународниот пазар

Поврзани

Најнови вести

Коментари