НОВА АТРАКТИВНА ПОНУДА ОД ВИП

Vip Combo Box= брз интернет + фиксна линија

Компанијата Вип повторно со атрактивна понуда за корисниците, односно воведува атрактивниот Vip Combo Box брз интернет и фиксна линија за само 499 месечна претплата

 

Вип го збогати своето портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Vip Combo Box со кој корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија. Новина е што оваа поволност можат да ја користат и во најоддалечените места во Македонија, односно корисниците добиваат уред кој е лесен за користење и има едноставна инсталација, а станува функционален со едноставно приклучување во струја.

Како што велат од компанијата со Vip Combo Box орисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија, како и до 50 ТВ канали по најатрактивни цени на пазарот.

/Vip Combo Box е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со овој пакет интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип им нудиме повеќе на нашите корисници- вели Димитар Ковачевски, извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Vip Combo Box 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон. Со Vip Combo Box 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Вип Vip Combo Box 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари