(Видео) Светските милијардери секоја година се сѐ побогати, останатите се „гушат“ во сиромаштија

Организацијата „Оксфам“ неодамна предупреди на зголемувањето на економската нееднаквост во светот, која ја оцени како многу погрешна и неприродна и ги повика светските лидери на акција.

Повеќе од 80 проценти од богатството создадено минатата година е во рацете на најбогатите луѓе кои чинат еден отсто од вкупната популација, а ништо од тоа богатство не добиле најсиромашните луѓе, стои во новиот извештај на „Оксфам“.

Извештајот покажува дека само 42 лица сега имаат богатство кое е еднакво на вкупното „богатство“ на дури 3,7 милијарди сиромашни луѓе ширум светот. Минатата година, исто така, забележан е најголем пораст на бројот на милијардери во историјата, бидејќи секој втор ден по едно лице станувало милијардер.

Богатството што отишло во нивни раце е доволно за седумкратно да се спречи екстремната сиромаштија, предупредува „Оксфам“. Извештајот со наслов „Да ја наградиме работата, а не богатството“, е објавен во пресрет на состанокот на светската политичка и бизнис елита во Давос, на годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Извршната директорка на „Оксфам“, Вини Бјанјима, исто така се упатила во Давос за да ги предупреди глобалните лидери да преземат акција: „Јас сум тука за да им кажам на важните бизнисмени и политичари дека ваквите текови не се природни, а дека истите се резултат на нивните политики и процедури и дека доколку сакаат, можат да го запрат ваквиот развој“, рекла таа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари